ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Димов: Извршителите мора да го почитуваат законот

„Во однос на проширувањето на правата, извршителите мора да го почитуваат законот кој содржи императивни одредби во тој однос и затоа сметаме дека кај граѓаните ќе доведе до олеснувачка состојба“, вели Димов од Комората на извршителите.

January 17, 2020 13:34
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Последните измени во Законот за извршители воведуваат нови категории, со кои ќе има олеснување во извршувањето, а тоа се социјално загрозените категории. Меѓутоа, како социјално загрозена категорија со новиот закон се сметаат и луѓето што земаат просечна плата. Тоа значи дека тие ќе бидат заштитени во однос на месечните примања од досегашните 1/3 што може извршителите да зафатат, сега ќе зафатат една петина“, изјави за ЦИВИЛ Медиа Зоран Димов, претседател на Комората на извршители како коментар на новите измени во Законот за извршители.

Од една третина до една петтина од плата и пензија се ограничувањата за извршување за лицата приматели на просечна плата и пензија, предвидуваат измените од Закон за извршување кои вчера беа усвоени.

„Видете, во однос на проширувањето на правата, извршителите мора да го почитуваат законот кој содржи императивни одредби во тој однос и затоа сметаме дека кај граѓаните ќе доведе до олеснувачка состојба“, вели Димов од Комората на извршителите.

Колку овие измени се позитивни или негативни за самите извршители Димов не одговори, но позитивна страна на законот е што примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните.

Минатиот месец (декември 2019) беше во знакот на протестите против извршување, но и протест на самите извршители, токму кога се отвори прашањето за измени во Законот за извршители.

Граѓаните протестираа да прекине блокирањето на сметките, коко и да има ветинг за извршителите. Извршителите, пак, штрајкуваа незадоволни од новиот тарифник што го предложи тогаш Министерството за правда, а со кој се предвидува намалување на наградата при извршување на парични побарувања од граѓани од 1.000 на 300 евра, сметајќи дека така извршителските канцеларии ќе се доведат во финансиска несолвентност.

Од Министерството за правда информираат дека и двете измени на законот се во насока на градење на концепт на правично извршување и заштита на достоинството на граѓаните.

Б. Јордановска/ЦИВИЛ 

Next Post

Адеми: Свесни сме за придизвиците со кои се соочуваме околу сочувувањето на статусот на охридскиот регион во УНЕСКО

Shortcut

Најново

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk