Во интервјуто поставено на Documentary Weekly, за документарниот филм „Медена земја“, Самир Љума вели дека намерата била да снимаат три месеци. Откако виделе дека традиционалниот начин на прибирање на медот е многу долг процес, се случило да снимаат три години и плус една година го едитирале филмот. Тој издвојува и неколку пикантерии од запознавањето со Атиџе – главната хероина, но и од снимањето на „Медена земја“.
Ликовите што се во документарецот говореле само турски, а никој од екипата што снимала не знаеле турски, па така кога протагонистите го знаеле тоа, ја имале слободата да си зборуваат слободно, без разлика на присуството на камерите. Интересно било тоа што од материјалот што ги имале снимено, не знаеле одма за што всушност се зборува, туку тек по неколку месеци потоа ги врзувале приказните. Сите снимки што се во филмот, се правени со природна светлина истакнува Самир Љума.
Самир Љума и Фејми Даут се добитници на наградата за најдобра камера, на годинешниот Санденс Фестивал.
На Санденс „Медена земја“(Honeyland) ja доби големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography). Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change).
Првпат во историјата на реномираната манифестација еден филм е награден со три признанија.
Интервјуто е правено пред „Медена земја“ да ги добие номинациите за Оскар.
Медена земја направи историски успех добивајќи две номинации за Оскар во категориите: Најдобар документарец и Најдобар странски филм.
Ј. Ѓ.