ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Висок раст на цените на становите во Охрид, Битола и Гази Баба

Гази Баба, Охрид и Битола се рекордери по пораст на просечната цена на станбениот квадрат за период од една година, покажа анализата на Мета.мк на податоците од регистрите на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижнини за перидот јули-септември 2018 и 2019 година. Ви овие три града, цената на метар квадратен во периодот од јули до септември 2019 година во споредба со истиот период лани е зголемена за над 10%. Во овој едногодишен период просечната цена на квадрат станбена површина во општина Гази баба се зголемила за 18,2% односно за 6.945 денари, во Охрид за 17,2% односно за 6.819 денари, а во Битола за 12,3% или 4.069 денари

January 17, 2020 13:14
in ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Гази Баба, Охрид и Битола се рекордери по пораст на просечната цена на станбениот квадрат за период од една година, покажа анализата на Мета.мк на податоците од регистрите на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижнини за перидот јули-септември 2018 и 2019 година. Ви овие три града, цената на метар квадратен во периодот од јули до септември 2019 година во споредба со истиот период лани е зголемена за над 10%, известува МЕТА.

Во овој едногодишен период просечната цена на квадрат станбена површина во општина Гази баба се зголемила за 18,2% односно за 6.945 денари, во Охрид за 17,2% односно за 6.819 денари, а во Битола за 12,3% или 4.069 денари.

Според податоците на катастарот, од вкупно 13 рангирани општини, пораст на просечната цена на становите има во седум општини, а намалување во шест општини.

Најизразен пад на цената во истиот период има во општина Штип и тоа од над 20%, потоа во Кисела Вода каде просечната цена на продадените станови во третото тримесечје од минатата година паднала за 15% или 8.473 денари во однос на истиот период од 2018 година.

Мета.мк веќе пишуваше дека заклучно со септември минатата година, на целата територија на државата има 6.368 станови кои се изградени, а сè уште не се продадени и се нудат на пазарот на недвижности.

„Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности се издадени 11.950 листови за предбележување на градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности. Може да се констатира дека бројот на новоградби моментално ја задоволува побарувачката на нови станови“, пишува во извештајот на катастарот.

Инаку, најголем број продадени станови во периодот јули-септември, минатата година има во општина Карпош, односно во овој период се продадени 239 станови, додека пак најголем број продадени куќи има на територијата на општина Битола, односно во овој период се продадени 30 куќи.

Статистиката покажува дека становите во Карпош биле најпродавани иако имале највисока просечна цена од 60.398 денари за квадрат.

Next Post

Блупринт Група: Законот за поништување на лустрацијата да се донесе пред распуштање на Собранието

EVN

НАЈНОВО

СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

April 18, 2026

ЗНМ бара максимална транспарентност при изборот на новото раководство на МРТ

April 18, 2026

Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk