Преку изложба насловена како „Redesign of Yugoslav Design“, македонскиот графички дизајнер и сликар, Зоран Кардула, ќе ги претстави своите најнови дела во Галеријата на современа уметност во Пожаревац, во соседна Србија.
Изложбата „Редизајн на Југословенкиот дизајн“ претставува продолжение на борбата за валоризација на доминантните културни формации на југословенскиот дизајн, пред сè графички и продуктот на дизајнот, со потенцирање на монументалните бруталистички остварувања и наследството од споменици, од поранешните југословенски републики.
Свеченото отворање е на 30 јануари во 19 часот Галеријата на современа уметност во Пожаревац, а посетителите ќе имаат можност да ги видат делата на Кардула повеќе денови.