Судски предмети се криеле во Врховниот суд. Некои застареле, некои одново ќе се реферираат. Предметите на суспендираните судии Јово Вангеловски и Рахилка Стојковска се прераспоредени кај судијката Цветанка Периќ. Сите овие теми биле отворени на последната седница на Одделот за казниви дела во Врховниот суд во октомври. Според изнесеното на состанокот, тројца судии, Џемаил Саити, Ристо Катавеновски и Африм Фидани имаат по 60-тина нерешени предмети, иако и други судии не заостануваат многу, пишува Нова ТВ.
Сега пак, судијката Периќ е натрупана со предмети, кои ќе мора да ги подготви за реферирање затоа што сите 18 предмети на Вангеловски и 30-тина на Стојковска, одат на нејзиното биро на проучување. И на судијата Шпенд Деваја му се одзеле некои предмети затоа што преминал од кривичен во граѓански оддел.
Контролата на Вангеловски
Но, што попрецизно се заклучило на седницата на Одделот за казниви дела и каква штета е предизвикана од тоа што Вангеловски држел предмети под контрола? – Во еден предмет постоела пресуда од 2016 година, но Вангеловски како член на советот не ја потпишал, иако ја имал во фиока од април во 2017 година до септември лани. Дополнително, водителот на Писарницата во Врховен суд неколку пати се обидувал да стигне до предметот, но упорноста на Вангеловски не попуштала.
Целиот текст ТУКА