Повторената постапка на судењето за уривањето на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски од политичка одмазда на експремиерот Никола Груевски, обвинетите ја нападнале со над 30 сведоци и десетици нови докази, дознава сдк.мк од судски извори. Меѓу доказите што ги поднел обвинетиот Миле Јанакиески е и одлуката на поранешниот претседател Ѓорге Иванов за негова амнестија. Одлуката на Иванов првпат се поднесува како доказ, досега обвинети на судење ја спомнувале само усно.
„ТНТ“ е еден од случаите каде Иванов докажува дека при амнестирањето се водел само од партиски мотиви. Ги амнестирал нарачателот Никола Груевски, тогашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ и организаторите Миле Јанакиески како министер за транспорт и врски и Тони Трајковски, градоначалник на Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, на чија територија беше изграден во карабина огромниот комплекс „Космос“. Четворицата извршители од општината на наредбите на овие поранешни високи државни функционери, не се опфатени со амнестијата.
Во доказите, дознаваме дека Јанакиески ја приложил само одлуката за амнестија, но не и одлуката на Иванов за повлекување на амнестијата, која исто така беше објавена во Службен весник. Ако се прифати амнестијата на Јанакиески како доказ и постапката за него биде евентуално запрена во „ТНТ“, тоа автоматски ќе важи и за Груевски и за Трајковски…





