ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царина: „Блацион ДОО “ не увезувала отпад, се подига степенот на контрола

Со цел информирање на јавноста, споделуваме и информација за вкупно увезениот отпад во текот на 2019-та година. Имено, вкупната количина на увезен отпад за изминатата година е 2.215 тони, за кои што секој увозник уредно доставил дозвола издадена од соодветното министерство и при тоа не станува збор за увоз на опасен отпад.

January 20, 2020 16:39
in ЗЕЛЕНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Со цел обезбедување на транспарентно и точно информирање на јавноста, а во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во Северна Македонија, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигна степенот на проверка и контрола на секаков вид отпад и материи кои би можеле да го загрозат здравјето на граѓаните.

Согласно стратешките определби на Царинска управа во насока на безбедноста и здравјето на граѓаните, увозот и контролата на опасен отпад, како стока со ризик, секогаш е предмет на царинска контрола и во рамките на надлежностите на ЦУ истата се спроведува согласно законот. Тоа подразбира задолжително поседување на соодветна дозвола за увоз од надлежното министерство, во случајов тоа е  Министерство за животна средина и просторно планирање.

На оваа тема добивме повеќе новинарски прашања дали досега е пријавен влез во Република Северна Македонија на одредена стока од компанијата „Блацион ДОО “. Во врска со ова информираме дека согласно нашите податоци компанијата „Блацион ДОО “ не се појавува како испраќач во увозна царинска постапка.

Дел од новинарските прашања се однесуваат на фирмите кои користат гориво од отпад. Согласно евиденцијата со која располага ЦУ, во текот на изминатата година само една компанија користела гориво од отпад.

Со цел информирање на јавноста, споделуваме и информација за вкупно увезениот отпад во текот на 2019-та година. Имено, вкупната количина на увезен отпад за изминатата година е 2.215 тони, за кои што секој увозник уредно доставил дозвола издадена од соодветното министерство и при тоа не станува збор за увоз на опасен отпад.

Со цел утврдување на евентуални неправилности Царинската управа, во соработка со Министерството за внатрешни работи презема одредени активности во насока на истражување на увозот на отпад. Овие активности продолжуваат во континуитет и со други надлежни институции, а за исходот од истите јавноста ќе биде навремено информирана.

Next Post

Сугарески: Завршуваме со изградбата на водоводот во Визбегово

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk