На денешното рочиште за аферата „Рекет“ не дојдоа двајцата бранители на второобвинетата Катица Јанева. Во судница не дојдоа адвокатите Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска. Двајцата адвокати го известиле судот дека не се во можност да дојдат во суд од здравствени причини.
Поради нивното отсуство, судскиот совет одлучи да се одложи денешното рочиште на кое требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова.
Во случајот „Рекет“ обвинети се поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева и Бојан Јовановски.
Стефанова летоска во август беше на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција и рече дека кажала сè што знаела за поврзаноста на предметот „Империја“ со „Рекет“.
На денешното рочиште предвидено беше да сведочи и обвинителот Бурим Рустеми, кој исто така беш дел од тимот на СЈО.
Следното рочиште за „Рекет“ е закажано за во четврток.