ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Пруживме рака на повеќе од 220.000 семејства низ целата земја

Од летото до сега, реализиравме 680 маалски и урбани средби и 400 теренски посети на одговорните партиски функционери низ општинските организации. Одржавме над 300 средби со граѓани во локалните средини од општинските организации. На централно и локално ниво под наше покровителство се организираа 250 хуманитарни настани, манифестации, работни акции за да им се помогне на оние на кои тоа им е најпотребно

January 21, 2020 14:43
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ е стабилен и искрен партнер на граѓаните – гледаме напред, постојано сме на терен, создаваме програма која е македонски мозаик од можности за сите! Новиот, модерен и енергичен пристап на работа на СДСМ овозможи постојан и двонасочен систем на комуникација со сите генерации наши сограѓани, без разлика на етничката, верска и политичка припадност.

Разговараме, предлагаме решенија за детектираните проблеми, ги слушаме ставовите и потребите на нашиот народ, пишува на Фејсбук генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.


„Во изминатите два месеци, преку активностите од врата до врата, посетивме и пруживме рака на повеќе од 220.000 семејства низ целата земја.

Од летото до сега, реализиравме 680 маалски и урбани средби и 400 теренски посети на одговорните партиски функционери низ општинските организации.

Одржавме над 300 средби со граѓани во локалните средини од општинските организации. На централно и локално ниво под наше покровителство се организираа 250 хуманитарни настани, манифестации, работни акции за да им се помогне на оние на кои тоа им е најпотребно.

Организиравме над 30 трибини во цела држава под слоганот „На прав пат“ на кои граѓаните масовно присуствуваа и комуницираа со партиското раководство на различни теми. Во овој период се реализираат 15 програмско-тематски трибини „Агенда 20-24“ на кои заедно со граѓаните гледаме напред во иднината и ја креираме програмата на СДСМ за мандатот 2020 – 2024.

Знаеме што правиме – одиме со храбри, сигурни и одговорни чекори. Заедно со граѓаните создаваме програма со која гарантираме дека земјата ќе продолжи забрзано по патот на развојот по кој тргнавме во 2017 година. Одиме на сигурно, создаваме план со кој точно ќе се знае каде оди државата.

Нашата програма забрзано ќе ја развива Северна Македонија како земја на слободни и одговорни луѓе. Мажи и жени. Граѓани кои веруваат во различни работи, живеат на различни начини, но се согласни дека државата ни припаѓа на сите подеднакво и дека е наша заедничка одговорност.

Нашата програма нуди модел за брз развој на земјата.

Создаваме програма која е македонски мозаик од можности за сите граѓани, за сите заедници, за сите бизниси, за сите инвеститори.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои не се менуваат, кои се заглавени во истата матрица чиј идеен творец е во бегство и раководи од Будимпешта, СДСМ постојано се подобрува за да одговори на новото време на прогрес и визија за обезбедување сигурна иднина.

Ние решаваме, а не создаваме проблеми. Уверени сме дека граѓаните прават разлика меѓу лажните ветувања на оние кои 11 години се богатеа на грбот на граѓаните и ја држеа земјата во заложништво и нас, кои за 2,5 години решивме повеќе децениски прашања и искрено и посветено работиме на решенија за најгорливите проблеми на сите граѓани.

Затоа, на 12 април со чиста совест излегуваме пред гласачите да бараме нов мандат.

После победата продолжуваме заедно со граѓаните да ја градиме светлата иднина во НАТО, ЕУ, да ги спроведеме до крај сите неопходни внатрешни реформи затоа што тоа е нашиот долг кон сегашните и генерациите кои доаѓаат!

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Османи и Деркоски повикаа на фер и демократски избори, одговорноста е кај сите учесници

НАЈНОВО

Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

October 15, 2025

Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

October 15, 2025
Генерирано со ВИ

Кина го поткопува меѓународниот поредок, смета Водефул

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истакнати американски медиуми го отфрлаат ограничувачкиот нов правилник на Пентагон за новинарите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk