ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи и Деркоски повикаа на фер и демократски избори, одговорноста е кај сите учесници

– Овојпат е специфично затоа што некако коинцидира времето на вонредниот извештај што го очекуваме во февруари и одлуката за започнување преговори на пролетниот самит на ЕУ со целата подготовка, па дури и почетокот на кампањата на овој изборен процес, па и оттука потребата, односно важноста овој изборен процес да биде според највисоките европски демократски стандарди со цел да покажеме зрелост како држава која што и ја покажувавме во сите претходни изборни циклуси во последните неколку години. Навистина ние сме европска демократска земја која што заслужува да биде дел и од ЕУ, рече Османи по средбата со членовите на ДИК.

January 21, 2020 15:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска од седиштето на Државната изборна комисија (ДИК) упати порака до сите учесници на претстојните предвремени парламентарни избори за важноста од организирање на фер, демократски и слободни избори, имајќи предвид дека земјата треба да добие датум за почеток на преговори.


– Овојпат е специфично затоа што некако коинцидира времето на вонредниот извештај што го очекуваме во февруари и одлуката за започнување преговори на пролетниот самит на ЕУ со целата подготовка, па дури и почетокот на кампањата на овој изборен процес, па и оттука потребата, односно важноста овој изборен процес да биде според највисоките европски демократски стандарди со цел да покажеме зрелост како држава која што и ја покажувавме во сите претходни изборни циклуси во последните неколку години. Навистина ние сме европска демократска земја која што заслужува да биде дел и од ЕУ, рече Османи по средбата со членовите на ДИК.

Османи рече дека секогаш кога ќе дојде во ДИК кажува дека најважно е да имаме фер и демократски избори заради интегративниот процес, меѓутоа, како што истакна, „овојпат е навистина тоа така“.
-Овојпат е навистина така затоа што пресвежа ќе биде во меморијата на сите земји – членки кога ќе се разговара за нас во март, а на 26 март ќе биде четвртиот ден од изборната кампања. Значи секое отстапување, секоја девијација од нормален изборен процес што и доликува на една европска држава ќе биде свежа во сеќавањето на земјите – членки кога ќе ја носат одлуката, рече вицепремиерот.

На сите учесници во изборите им порача дека одговорноста е на сите и оти е многу поголема отколку за кој било друг процес.

– Треба да покажеме зрелост да одговориме на таа одговорност. Задоволство ми беше што од ДИК добив информација дека се со сите потребни капацитети за одржување фер и демократски избори па дури ги надминале и одредените технички потешкотии што ги имале во минатите изборни циклуси и дека очекуваат навистина фер и демократски избори, изјави вицепремиерот.

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски истакна дека секој од учесниците треба да си ја земе сопствената одговорност за организирање на изборите и граѓаните слободно да ја изразат својата волја и да излезат на гласање и да го остварат своето право на глас.

Вицепремиерот Османи рече дека на денешната седница на Владата ќе информира за потребата за носење на измените на Изборниот законик, кои се во драфт верзија и се уште не се во владина процедура. Последната собраниска седница ќе биде закажана на 3 февруари, кажа Османи.
– Пред да дојдам на оваа средба се слушнав со претседателот на Собранието за да прашам кои ни се роковите за пред распуштање на Собранието да донесеме кој било закон и негов став е дека 3 февруари е последната седница на која ќе можеме ние да го поминеме овој закон, така што затоа и денеска разговаравме во детали за овие измени пред се во смисла на имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и за одредени прашања кои особено се однесуваат на кампањата, на плаќањето на кампањата и на одредени можности за гласање на одредена група на граѓани. Роковите се многу кратки. Ние денеска имаме седница на Влада во Штип попладне и со извештај од оваа средба јас денеска ќе разговарам на Влада со цел да дефинираме конкретни рокови и чекори што понатаму од денеска бидејќи очигледно нема многу време за донесување на законот, а тој е многу важен за еден нормален процес, рече Османи.
Претседателот на ДИК Деркоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со прочистувањето на Избирачкиот список рече дека тој редовно се ажурира, но оти тој никогаш не може да биде идеално чист затоа што тоа е менлива категорија бидејќи секојдневно се менува.
Османи и членовите на ДИК договориле средба со техничката Влада за организирање избори, но разговарале и за други логистички прашања.
Next Post

Шилегов: Градот го чисти Кејот, а газдите на парцелите ќе се казнат ако не го одржуваат

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk