ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Шилегов: Градот го чисти Кејот, а газдите на парцелите ќе се казнат ако не го одржуваат

Местото што се чисти е во приватна сопственост и целиот потег од левата страна на Вардар почнувајќи од хотелот „Александар Палас“ па се до мостот „Гоце Делчев“ е поранешно државно градежно земјиште кое е продадено на приватни физички и правни лица. Истакна дека ова е последен пат градот да интервенира, и откако ќе ја доведат состојбата во нормала ќе ги задолжат сопствениците за одржување и ќе почнат да изрекуваат казни, доколку не се чисти земјиштето.

January 21, 2020 15:31
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Екипи на Град Скопје во соработка со општествено одговорни компании веќе два дена темелно ги отстрануваат остатоците од дивата населба под скопското Кале, која почна да се расчистува во големата акција на администрацијата за чистење на градот во текот на минатиот месец.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска најави засилени инспекции и казни за сопствениците на приватни имоти кои ќе дозволат на нив да се создаваат диви населби и депонии.

– На ова место со децении наназад имаше дива населба во која живееја бездомни лица, а која беше претрупана со отпад и беше извор на аерозагадување. Во текот на овој месец успеавме да не дозволиме на ова место повторно да се населат бездомни лица кои се згрижени во капацитетите на Министерството за труд и социјална политика. Од вчера заедно со општествено одговорните градежни фирми кои соработуваат со Градот Скопје, на моја молба, започна целосно и темелно расчистување на оваа локација. Досега, во текот на овие два дена имаме подигнато над 500 кубни метри смет. Очекувам дека во наредните десетина дена ќе завршиме со расчистување на овој терен, истакна Шилегов.

Посочи дека местото што се чисти е во приватна сопственост и целиот потег од левата страна на Вардар почнувајќи од хотелот „Александар Палас“ па се до мостот „Гоце Делчев“ е поранешно државно градежно земјиште кое е продадено на приватни физички и правни лица. Истакна дека ова е последен пат градот да интервенира, и откако ќе ја доведат состојбата во нормала ќе ги задолжат сопствениците за одржување и ќе почнат да изрекуваат казни, доколку не се чисти земјиштето.

– За тоа писмено се известени сите сопственици на земјиштето, ја користам можноста и јавно да ги известам за да немаме утре некакви недоразбирања, затоа што мислам не треба да правиме компромис. Доколку некој го купил ова земјиште треба да го одржува и да не дозволува на него да се случуваат работи какви што се имаат случувано.

Сопственик на земјиштето, рече Шилегов, е „Амадеус груп“, со кој веќе разговарал на оваа тема и оти нема да дозволи како градоначалник повторно никнување дива депонија. Најави дека инспекциските служби засилено ќе работат, а казната е 15.000 евра доколку не се одржува комуналниот ред на приватна земја.

Додаде дека сите 200 лица што биле на ова земјиште се згрижени по институциите. – Карактеристично е дека дел од тоие воопшто немаат потреба од згрижување, туку имаат свои домови на други места од градот но зошто го одбираат овој начин веројатно тоа им е начин како да заработуваат со палење кабли, со палење гуми, но не можеме да го дозволиме тоа. Далеку од тоа дека сум задоволен, но годинава имаме поквалитетен воздух и тоа е дел од стратегијата што ја спорведе градот – спречување на она што традиционално ни се случувало, а тоа се огнови на отворено, подвлече Шилегов.

Истакна дека вакви големи жаришта има во Визбегово, тоа е депонија што е создавана 30 години, и очекува дека годинава во соработка со Министерството за животна средина ќе почне да се решава.

– Вардариште е покомплексно прашање што не дозволува имроповизација зашто станува збор за поранешна депонија на градот Скопје, каде што градот депонирал отпад повеќе од 40-50 години и мислам дека тука ќе ни треба и експертиза и акција со меѓународна помош, затоа што проценката што ја имаме направено е таму за да се санира целокупно состојбата, е 40 милиони евра за да може целосно да се заштити тој потег од подводен слив за да не предизвикува загадување на животната средина, рече Шилегов.

Next Post

Макрадули: Проектот за клима инвертери за граѓаните стартува денеска

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk