ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Расте бројот на новоотворени е-продавници, активни 968 веб страници

На крајот на претходната 2018 година имало 871 активни виртуелни места на продажба, што значи дека за период од девет месеци во 2019 година бројот на онлајн продавници се зголемил за 127 новоотворени, или за 14 нови е-продавници месечно во просек, наведуваат од Асоцијацијата.

January 21, 2020 10:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонските граѓани сѐ повеќе купуваат онлајн, но и отвораат онлајн продавници, за што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, покажува порастот на бројот на трансакции, порастот на вредноста на трансакции, како и порастот на бројот на уреди на виртуелни места на продажба.


Според податоците објавени од Народната банка , во текот на првите девет месеци од 2019 година, реализирани се вкупно 4.611.964 онлајн трансакции, наспроти 3.783.185 онлајн трансакции во истиот анализиран период во 2018 година, што претставува раст за 828.779 онлајн трансакции односно, пораст од 21,9 отсто.

Вредноста на трансакциите реализирани на виртуелните места на продажба во текот на првите девет месеци од 2019 година, пак, изнесува 124,2 милиони евра, наспроти 99,1 милиони евра во истиот период во 2018 година. Ова, како што стои во соопштението, значи дека вредноста на онлајн трансакциите се зголемила за 25,1 милиони евра, односно за 25,3 отсто.

-Дека е-трговијата е во вистински подем говори и фактот што не само растат трансакциите и нивната вредност, туку има зголемување и кај бројот на уреди на виртуелните места на продажба, односно бројот на новоотворени е-продавници. Во моментов се активни 968 веб-страници за е-трговија. Станува збор за активни и регистрирани виртуелни продажни места кои се пријавени од страна на петте банки во нашата земја кои нудат е-трговија како дел од своето портфолио на услуги во моментов. На крајот на претходната 2018 година имало 871 активни виртуелни места на продажба, што значи дека за период од девет месеци во 2019 година бројот на онлајн продавници се зголемил за 127 новоотворени, или за 14 нови е-продавници месечно во просек, наведуваат од Асоцијацијата.

Оттаму оценуваат дека овие податоци покажуваат дека се движиме кон дигитална Македонија и смарт општество, а е-трговијата е неизоставен дел од едно такво општество.

Next Post

Новата сезона во „Комедија“ и МНТ од оваа недела, во Драмски од наредната

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk