ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Путин, криминалец и некомпетентен претседател, непријател на сопствениот народ

Путин, 67 годишен, ја води Русија, како претседател и премиер 21 година, подвиг на политичка долговечност која што само Јосиф Сталин ја има надминато. Како и Сталин, попатно има создадено многу непријатели и предизвикано неискажана мизерија.

January 22, 2020 10:10
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Веста дека Владимир Путин, руски цар на денешницата, крои планови неограничено да биде на власт, воопшто не изненадува. Сепак, ова а длабоко загрижувачки за пленот на Путин – начелно за рускиот народ и за западните демократии.

Путин, 67 годишен, ја води Русија, како претседател и премиер 21 година, подвиг на политичка долговечност која што само Јосиф Сталин ја има надминато. Како и Сталин, попатно има создадено многу непријатели и предизвикано неискажана мизерија.

Политичка карикатура за односот на Путин кон опозицијата (редакциски коментар, не е дел од пренесениот текст)

Русија, под мрачното туторство на Путин, стана озлогласена по крунизмот и корупцијата од широки размери, репресијата на домашните опоненти и слободата на говор, како и воената агресија и нарушувањето надвор од земјата.

Повторно како Сталин, пензионирањето не е безбедна опција за немилосрдниот поранешен шпион на КГБ кој го нормализира атентатот како денешна алатка на државна политика. Да се даде моќ би било покана за одмазда, правна или физичка.

Но, сепак се чини дека Путин не сака да се натпреварува со екстремните диктатори во други земји со тоа што ќе стане претседател за цел живот – патот што го избра кинескиот Кси Јинпинг. Тој ја цени маската на демократскиот легитимитет. Така, според предлозите разоткриени минатата недела, Путин би можел да преземе нова моќна премиерска функција во 2024 година, кога неговиот претседателски мандат истекува. Или тој би можел да стане претседавач на Државниот совет, тело што тој го создаде. Двете функции може да се на неопределено време.

Путин, исто така, има опции да биде Претседател на Дума (парламент) или лидер на нејзината главна партија, Обединета Русија, со тоа што ќе остварува моќ зад сцена на начин како што правеше Јарослав Качински, лидер на полската партија „Право и правда“. Што и да избере да направи, овластувањата на било кој претседателски наследник ќе бидат скратени, ќе има нови ограничувања во мандатот и ќе биде ограничена можноста на непријателските олигарси и емигрантите Руси, 7% од населението  – да го оспорат.

Владимир Путин

Придружната, присилна оставка на целата влада, вклучувајќи го и премиерот, Димитри Медведев, е обид на Путин повторно да ја постави својата администрацијата пред изборите во Дума следната година. Аналитичарите велат дека стравувал од непопуларноста на Медведев –  обвинет за корупција – и дека тоа почнало на него да се пренесува. Неговото назначување како премиер не-политичар, Михаил Мишустин, стар пријател од хокејот и флексибилен даночен шеф, во меѓувреме се смета за несмасен начин на негирање на платформата на потенцијалните ривали.

Иако овие промени се обликувани како пожелни уставни реформи, тие јасно служат за една заедничка цел: воспоставување на вечен Путинизам. Со тоа што покажува дека нема намера да се повлече, Пуитин се надева дека битката за наследник ќе ја задуши уште на самиот почеток. Сето ова може да биде добро за Путин, но и целосно лошо за Русија. Во било кои слободни и фер избори, неговото криминално наследство на економска неспособност, злоупотреба на моќ и бесрамна корумпираност сигурно ќе го потонат без траги. Но, слободни и фер избори сега се чинат уште подалечни, особено по бруталното задушување на продемократските демонстранти  во Москва минатото лето.

Напротив, Путин станува сé понетолерантен на каков било облик на вистинско или наводно спротивставување, без разлика дали е во облик на граѓански организации, медиуми или храбри, многу прогонувани активисти како што е Алекс Навални.

Од погребот на опозиционерот Борис Немцов кој беше убиен во 2015 година. Постојат основани сомнежи дека атентатот го нарачал Путин. (редакциски коментар, не е дел од пренесениот текст.)

Благодарејќи на погрешното раководење и занемарувањето на Путин, економијата на Русија е во многу лоша состојба, премногу зависна од увоз на енергија, со недостаток на странски инвестиции и која трпи хроничен недостаток на капитал. Тоа е затоа што бизнисот не може да смета на владеењето на правото да го штити нивното работење од изнуда, бакшиш и мито.

Наводните трансформирачки проекти на Путин за националното трошење вредни неверојатни $390 милијарди долари, во голем дел не успеа да се материјализираат. Неговите ветувања за економска модернизација и подобар животен стандард мора да бидат поставени наспроти петгодишен пад на реалните плати и кратење на државните пензии.

Истовремено, кристално јасно е дека Путин стравува од оној вид на политички либерализам што може да создаде поголема економска конкурентност и меѓународни инвестиции. Неговите последни предлози бараат понатамошно ограничување на надворешното влијание.

Постојаното кочење на развојот на Русија предизвикано од Западните санкции, наметнати по незаконското анексирање на Крим, ги симболизира пошироките, негативни аспекти на вечниот путинизам.

Путин не само што одбива да се повлече од Крим, туку и активно го подгрева сепаристичкиот конфликт во источна Украина. А овој конфликт е само помала верзија на крвавиот неред што го нанесуваат руските сили во Сирија од 2016 година, каде убиствата и масовните раселувања продолжуваат во Идлиб.

Путин е во дослух со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган и неговата кампања против про-западните Курди во североисточна Сирија. Неодамна, тој вметна руски платеници во војната во Либија, поддржувајќи бунтовници против владата во Триполи признаена од ООН.

Алекс Навални, правник и активист, редовен учесник на Рускиот Марш од 2009 година. (редакциски коментар, не е дел од пренесениот текст)

Штетното влијание на Русија под Путин се протега и пошироко, во прикривање на влијанието на Балканот и источна Европа, обидите за поделба на ЕУ, кибер нападите врз Балтичките држави и кампањите за дезинформација за соборување на демократските процеси во Британија и САД.

Руското вето ја намали релевантноста за клучни прашања на Советот за безбедност на ООН. Во меѓувреме, отровот на Путин протекува и низ други западни институции,  со изигрување на Доналд Трамп, ослабувајќи ја НАТО алијансата и Г7 (од каде е отстранет) и поткопувајќи ја европската демократија со неговиот милозвучен говор за „застарениот“ западен либерализам.

И зборувајќи за отров, кој се сомнева дека Путин и неговите следбеници стојат зад неказнетиот обид за атентат врз Сергеј и Јулија Скрипал во Салисбери и минатогодишното убиство на чеченски сепаратист во Берлин?

Владимир Путин е човек со многу лица: мачо патриот, десничарски популист, циничен манипулатор и немилосрден глобален воин. Сите на штета на најдобриот интерес на рускиот народ. Сите фундаментално непријателски настроени кон западните принципи на слободата и демократијата.

Перспективата Путин да го продолжи и зајакне неговото нихилистичко владеење е ужасно. Путин е лицето на непријателот. Оттука, тој мора да биде и признаен како таков.

Симон Тисдал/ The Guardian 
Превод: Наташа Цветковска/ЦИВИЛ

Опремувањето на овој прилог е редакциско и не е дел од пренесениот текст.

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

June 20, 2025

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk