ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Екатерини Сакеларопулу, новата претседателка на Грција

-За жените е тешко да стигнат на врвот на многу професии – феноменот „стаклен таван“, е само една карактеристична реченица од говорот на Сакеларопулу од 16 јануари 2019 на тема „Жените на лидерски позиции“.

January 23, 2020 10:17
in ДЕНЕС, РЕГИОН, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Барањето за поништување на Договорот од Преспа; присуството на деца бегалци во училиштата; државјанство за децата родени во Грција од родители кои не се Грци; религијата во личните карти во Грција, се само дел од случаите разгледани од Советот на државата кои грчките медиуми ги поврзуваат со новоизбраната шефица на државата Екатерини Сакеларопулу, како од периодот додека беше претседателка на највисокото судско тело, така и претходно како член.

По предлог на поранешниот премиер Алексис Ципрас, стана првата жена претседател на Советот на државата, по предлог на актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис, стана првата жена претседател на Грција. Шеесет и тригодишната Екатерини Сакеларопулу е неполитичка и непартиски личност, а од највисоката позиција во правниот систем, преминува на највисоката позиција во државата.

-За жените е тешко да стигнат на врвот на многу професии – феноменот „стаклен таван“, е само една карактеристична реченица од говорот на Сакеларопулу од 16 јануари 2019 на тема „Жените на лидерски позиции“.

Пред точно една година на настанот организиран на атинскиот Универзитет Пандио, а поканета во улога на претседателка на Советот на државата, Сакеларопулу, која успеа да ги урне бариерите, а можеби и стереотипите во Грција и да стане првата жена претседателка во историјата на земјата, детално говори за родовата нееднаквост и за тешкотиите со кои што се соочуваат жените во нивните кариери, споменувајќи конкретни примери од светот,

-„Мајко, во твојата соба оди си и твоите работи гледај си ги, разбојот, предалото (…) многуте зборови им одговараат само на мажите, а од сите најмногу мене, бидејќи јас, во овој дом владеам“. Во „Одисеја“ на Хомер, од пред речиси 3000 години, го наоѓаме, како што споменува, Мери Бирд, првиот запишан пример на оспорување на јавниот дискурс на жените, вели Сакеларопулу на почетокот на нејзиниот говор.

Во друг дел, пак, споделува конкретни податоци, дека во 2014 година само седум од 150 лидери на држави се жени, а од 192 премиери жени се само 11.

Освен неколку стручни говори, на настани и конференции посветени на правниот и судскиот систем, информативни натписи од медиумите за дел од случаите кои „поминале низ нејзини раце“ и изборот за претседателка на Советот на државата, за Сакеларопулу, на интернет не може да се најдат дополнителни информации. Нема јавни политички настапи, нема коментари за политичката состојба во Грција во изминатите години, ниту пак јавно изразен став за партиите. Токму затоа, многумина во Грција сметаат дека одлуката на Мицотакис беше повеќе од правилна, а тоа, на некој начин се покажа и при гласањето во парламентот, кога Сакеларопулу беше избрана уште во првиот круг со повеќе од потребното двотретинско мнозинство и со поддршка од три партии.

Автор е на низа научни текстови, а во февруари минатата година излегува од печат научно истражување во кое заедно со уште неколку нејзини колеги,  пишуваат за судскиот систем во Грција.

-Ефикасното функционирање на правдата е обезбедено и од страна на државата и од страна на судиите. Од страна на државата, со организација на правдата, обезбедување логистичка инфраструктура, почитување на судската независност и усогласеност со судските одлуки. Од страна на судиите, со строго почитување на судската етика, на одговорноста, на дисциплинската одговорност, почитувањето на судската традиција и зачувување на институционалната меморија, пишува Сакеларопулу во книгата „Правдата во Грција. Предлози современ судски процес“.

Поништување на Договорот од Преспа еден од случаите на Сакеларопулу

Од ноември 1982 година започнува со работа во Советот на државата, а со текот на времето напредува во позициите, за на средината на октомври 2018, по предлог на тогашната влада на СИРИЗА, Екатерини Сакеларопулу да биде  избрана за 22 претседател на Советот, со што станува и прва жена претседател на највисокото судско тело во Грција.

Советот на државата ги има речиси истите надлежности како и Уставниот суд кај нас. Станува збор за највисокиот суд за контрола и заштита на уставноста и законитоста.

Барањето за поништување на Договорот од Преспа; присуството на деца бегалци во училиштата; државјанство за децата родени во Грција од родители кои не се Грци; религијата во личните карти во Грција, се само дел од случаите разгледани од Советот на државата кои грчките медиуми ги поврзуваат со Сакеларопулу, како од периодот додека беше претседателка, така и претходно како член.

Пленумот на највисокото судско тело во Грција, под претседателство на Екатерини Сакеларопулу, беше повикан кон крајот на 2018 да одлучи по жалбите на грчките организации како за поништување на Договорот од Преспа, така и за испратените писма до НАТО и ЕУ од тогашниот министер за надворешни работи на Грција за наше членство во ЕУ.

-Со одлуките 2615-6/2018 на пленумот беа отфрлени како неприфатливи барањата за поништување на Договорот од Преспа и писмата на министерот за надворешни работи до НАТО и ЕУ издадени согласно договорот, соопштија на 19 декември 2018 од Советот на државата по разгледаните барања на грчката „Федерација на културните здруженија на Македонците” и “Пан- Македонските асоцијации на Македонците од дијаспората”, за поништување на Договорот од Преспа.

Двете одлуки беа издадени со образложени дека не се во надлежност на Советот, туку се поврзани со надворешната политика на земјата.

Се оцени дека оспорените акти сами по себе се акти со кои управува политичката власт во областа на надворешната политика и се директно поврзани со управувањето со меѓународните односи на земјата. Според тоа, имаат владин карактер, не подлежат на ревизија за поништување од Советот на државата, соопштија од Советот во декември 2018.

Во однос на другите судски случаи, според медиумите во Грција, Сакеларопулу ѝ станала позната на јавноста уште пред 20-ина години кога силно поддржала промена на личните карти за да се укине праксата да биде заведена и религијата.

Новоизбраната грчка претседателка, го поддржала и законот на владата на Алексис Ципрас за правото, децата родени во Грција, кои го завршиле поголемиот дел од школувањето во земјата, да добијат грчко државјанство, иако нивните родители се странски државјани.

Како претседател на Советот на државата во 2018, Сакеларопулу, според написите во грчките медиуми, ги отфрлила обвинувањата на здруженијата на родители и старатели од повеќе делови на Грција, поради децата бегалци кои одат во истите училишта со нивните деца. Тогаш, највисокото судско тело, донело одлука дека интеграцијата на бегалците во училиштата е законска и неопходна.

Која е новата претседателка на Грција?

Екатерини Сакеларопулу е родена во 1956 година во Солун. Изреката „крушата под круша паѓа“ целосно важи во случајот со новата грчка претседателка, со оглед на тоа дека татко ѝ бил потпретседател на Врховниот суд на Грција, а таа од студиите до сега е целосно посветена на правниот и судски систем.

Сакеларопулу го завршува Правниот факултет во Атина и целата кариера како правник, ја поминува во Советот на државата, каде што беше избрана за претседател за периодот 2018- 2023 година.

Автор е на научни текстови поврзани со уставното право и правото на животна средина.

Сакеларопулу говори англиски и француски јазик, разведена е со едно дете и живее во центарот на Атина.

Според медиумите во Грција, голем љубител е на животните, особено на мачките, голем борец за заштита на животна средина, но и жена која е доста активна на социјалните мрежи, односно на Фејсбук.

Кон крајот на април минатата година, Сакеларопулу, како претседателка на Советот на државата имаше протоколарна средба со Кирјакос Мицотакис, кој тогаш беше лидер на опозицијата.

Девет месеци подоцна како премиер ја предложи за претседател на Грција, предлог прифатен од 261 пратеник.

Новата претседателка на Грција на 13 март 2020 ќе положи свечена заклетва, а веднаш потоа ќе ја преземе функцијата од Прокопис Павлопулос.

Мандатот на претседателот во Грција трае пет години.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

Мастрафот си ти

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk