ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

О2 иницијативата бара објаснување за одложувањето на расправата за забрана за увоз на отпад во Собранието

Измените на законот кои без ниту една забелешка или амандман поминаа на собраниска комисија, денеска наводно заглавија поради координација на партиите.

January 23, 2020 11:38
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Откако пратениците ја одложија расправата за измени на Законот со управување на отпад, каде се предлага забрана за увоз на отпад во државата, О2 иницијативата побара одговори од координаторите на пратеничките групи на четирите партии, СДСМ и коалицијата, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ДУИ и независната пратничка група на ВМРО-ДПМНЕ за причината за одложувањето.

– На координација било констатирано дека имало некаков проблем, го образложија одложувањето на оваа точка од дневниот ред собраниските служби. Нека повелат и објаснат на целата македонска јавност четирите координатори на пратеничките групи Јован Митрески, Никола Мицевски, Ејуп Алими, Емилија Александрова и претседателот на Собранието Талат Џафери КОЈ и КАКОВ проблем имал со гласањето за овој закон. Постои ли тема која може да ги обедини сите партии во Собранието? Секако дека постои, и секако дека е тоа на штета на граѓаните и јавниот интерес. Одбегнувањето на гласањето за законот за забрана на увоз на опасен отпад кој се користи како енергенс е најсвежиот пример од длабоките фотелји на т.н. народни претставници. Измените на законот кои без ниту една забелешка или амандман поминаа на собраниска комисија, денеска наводно заглавија поради координација на партиите. Всушност, на секој при здрава свест му е јасно дека планираните чекори во тајните собраниски ходници се само ПР алатка, со која партиите пред граѓаните и во јавноста, покажуваат наводна загриженост и подготвеност за усвојување на поостри мерки за контрола на опасниот отпад и намалување на загадувањето, а во суштина ќе направат сè за овој закон да не го види светлото на денот, а тие никогаш да не мора да се изјаснат за менувањето на трасата на милионските суми кои ги контролира еко – мафијата, регионална и локална, велат од О2 иницијативата.

Next Post

Ивановска: Ако се реши „Рекет“, ќе се подобри перцепцијата за корупцијата во земјава

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk