Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ денеска изјави дека следната недела ќе има информација дали измените на Законот за управување со отпад ќе бидат донесени или не.
Дотогаш институциите треба да одговорат дали носењето на овие измени ќе влијае на македонскиот извоз на друг вид отпад во другите земјите од ЕУ.
Поповска вели дека ние не сме членки на ЕУ и немаме такви тврди облигациони односи. Пратеничката тврди дека „од институциите има лично заинтересирани за учество во овој бизнис” и оти во оваа област институциите имаат многу работа да проверат што и како се прави. Потребно е, вели таа, строга контрола, но и ревизија на целиот овој систем.