Во германскиот град Рот ам Зе недалеку од Нирнберг во сојузната држава Баден-Виртемберг во ресторан еден маж пукал кон гостите, при што убиени се најмалку шестмина.
Полицијата на Твитер објави дека во тек е голема акција, а според првите информации напаѓачот е уапсен. Се претпоставува дека тој немал соучесници, а дека најверојатно ги познавал жртвите.
„Голема полициска акција е во тек во Рот ам Зе, каде дојде до пукање во една зграда. Веројатно има мртви, а неколкумина се повредени. За сега нема докази за други сторители“, соопшти полицијата.
Нападот се случил околу 12.45 ласот, а како што јавуваат локалните медиуми, пукањето се случило во ресторан.
Според неофицијални информации се работи за семејна кавга – жртви се членови на семејство. Напаѓачот, како што пишува германски Билд е стар околу 37 години.