ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Секое училиште треба да обезбеди услови за одржување менструална хигиена

Мијалник, влошки, тампони, менструални чашки, сапун, хартија и две корпи за ѓубре. Ова е сѐ што е потребно да се направи и обезбеди во постоечки училиштен тоалет, за да можат девојчињата во нормални услови да одржуваат менструална хигиена.  Ученичките во основното училиште „Гоце Делчев“ во Ресен, од денеска ги имаат потребните услови, бидејќи беше пуштен во употреба вториот адаптиран тоалет за управување со менструалната хигиена во Македонија

January 26, 2020 13:06
in РЕПУБЛИКА, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Мијалник, влошки, тампони, менструални чашки, сапун, хартија и две корпи за ѓубре. Ова е сѐ што е потребно да се направи и обезбеди во постоечки училиштен тоалет, за да можат девојчињата во нормални услови да одржуваат менструална хигиена.  Ученичките во основното училиште „Гоце Делчев“ во Ресен, од денеска ги имаат потребните услови, бидејќи беше пуштен во употреба вториот адаптиран тоалет за управување со менструалната хигиена во Македонија, пренесува МЕТА.

На настанот присуствуваа Ричард Милион, програмски директор во Амбасадата на Велика Британија во Скопје, Наташа Доковска од Новинари за човекови права, градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски како и претставници од училиштето.

Доковска информира дека девојчињата кои се во сексуално-репродуктивниот период, добиле и производи за управување со менструалната хигиена за наредните три месеци.

– Со ова сакаме да ја поттикнеме и локалната власт, но и државата да го имплементира трендот на давање на бесплатен пакет за справување со менструалната сиромаштија, како што е примерот со Британија. За остварување на целта 6.2 која бара целосна достапност до санитација и хигиена на сите, посебно за девојчињата, апелираме во секое училиште да се адаптира барем еден тоалет за управување со менструалната хигиена. Ги повикуваме претставниците на бизнис-заедницата, да донираат пакети и тоа да стане пракса. Ова не е лускус туку се основно човеково право – вели Доковска.

Ние предлагаме, додава таа, еден процент од профитот на компаниите, секој месец да се намени за набавка на влошки, тампони, хартија и сапун за училиштата.

– Секоја компанија може да дава, затоа што еден процент за нив е ништо. На тој начин ќе им го вратиме достоинството и самодовербата кај девојчињата – додава Доковска.

Еден адаптиран тоалет не е голема инвестиција. Она што треба да се направи е во постоечките тоалети во училиштата, во тоалетната кабина да се постави лавабо и да се постават две корпи за отпад, едната за тоалетна хартија, а другата корпа за санитарните производи. Потребно е и да се вгради диспанзер за течен сапун.

Ова е втор ваков адаптиран тоалет кој беше прилагоден во рамки на проектот на „Новинари без граници“ со поддршка на Британската амбасада. Првиот беше отворен во основното училиште „Андреј Савески Кикиш“ во Тетово.

Next Post

Со 1,4 милијарда денари преку Оперативниот план ќе се опфатат 11.761 лице

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер и Оже – Алијасим во финалето на мастерсот во Париз

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

November 1, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Еден ослободен а 38 годишна жена приведена за грабежот во Лувр

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk