ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Што нема да прочитате од грујовата пропаганда за Ла Веритас, за Јанша, за Гајсер?

Речиси неизбежно е кога „Ла Верита“ инсинуира за нешто поврзано со македонските случувања, на тоа да не се надоврзе и словенечкиот радикален десничар Јанез Јанша. Исто така, неизбежно е таа негова реакција оркестрирано да се споделува од Грујовата пропагандна машинерија овде во Македонија. Она што нема да го прочитате е кога за реакцијата на Јанез Јанша известува Плусинфо и дугите од „свитата“ грујови вазали на пример, е тоа дека радикалниот десничар Јанез Јанша е осуден корумпиран политичар и поранешен затвореник.

January 26, 2020 20:49
in ESPRESSO, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Италијанскиот весник со сомнителна сопственост „Ла Верита“, кој упорно се обидува да го скандализира постгруевистичкиот период во Македонија, важи за близок до есктремнодесничарската партија Лига, која ја предводи актуелниот министер за внатрешни работи, Матео Салвини. Во весникот, во континуитет се објавуваат информации со кои се атакува на сите што размислуваат поинаку од Салвини, Орбан, Јанша, Ле Пен и од останатите претставници на радикалната десница, пишуваат од 360 Степени.

Она што исто така е интересно и неслучајно, е дека тие континуирани атакувања против Заев и прогресивните демократски процеси, се инстантно силно поткрепени од будимпештанско-македонските грујовистички портали и другите помали гашта-вазали на Грујовата пропаганда и пресно квислингшки парталски лузери.

Речиси неизбежно е кога „Ла Верита“ инсинуира за нешто поврзано со македонските случувања, на тоа да не се надоврзе и словенечкиот радикален десничар Јанез Јанша. Исто така, неизбежно е таа негова реакција оркестрирано да се споделува од Грујовата пропагандна машинерија овде во Македонија.

Она што нема да го прочитате е кога за реакцијата на Јанез Јанша известува Плусинфо и дугите од „свитата“ грујови вазали на пример, е тоа дека радикалниот десничар Јанез Јанша е осуден корумпиран политичар и поранешен затвореник.

Јанша, заедно со двајца негови поранешни соработници е прогласен за виновен за примање мито за време на потпишувањето договори меѓу словенечката влада и финската компанија „Патриа“ за набавка на оклопни транспортери во вредност од 278 милиони евра во 2006 година. Во 2013 година Јанез Јанша за тоа обвинение од словенечките судови е осуден на затворска казна од 22 месеци и глоба од 37.000 евра.

Во прилогот за Јанез Јанша, поврзан со инсинуациите од „Ла Верита“ кој го пренесуваат, на пример Плусинфо и грујовата пропаганда, нема да прочитате ни дека тој истиот Јанез Јанша во 2017 година е осуден првостепено на три месеци условна затворска казна затоа што новинарки нарекол ,,медиумски проститутки“.

Нема ништо да прочитате од ова, зашто манипулаторските портали сакаат да му дадат релевантност на радикалот Јанша, ословувајќи го само како поранешен премиер на Словенија, а никако како осуденик, бивш затвореник, корумпиран политичар и мизогин, што нели фактички и е. Не, тоа кај тие портали нема да го прочитате, драги мои.

На страниците од грујовата пропаганда нема да прочитате кој е авторот на текстотовите против Заев и кој е Лорис Гајсер. Тој е Словенец со италијански пасош. Гајсер е претседател на Паневропското движење на Словенија, дел од претседателството на меѓународната Паневропска Унија. Нема да прочитате дека заедно со Гајсер, во претседателството на оваа организација е и доскорешниот македонски амбасадор во Брисел, Андреј Лепавцов и советник на поранешниот премиер Никола Груевски.

Од интернет страницата Паневропа. Скриншот од „360 Степени“

Не е многу тешко да се препознае пропагандната оска која се провлекува од Будимпешта, преку Јанша, па сѐ до Ла Верита и овде јужно, и пак назад во Пешта, и не е ич тешко кое време тие се крстат да ни го вратат.

Тоа е она на што, едноставно, сакав само да ви обрнам внимание.

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

НАЈНОВО

Хрватската легенда Дарко Рундек го снима најновиот видео спот во Скопје под режија на Ѓорѓе Јовановиќ

September 9, 2025
Интервју со Кристина Костова

Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

September 9, 2025

„Силјан“ во режија на Тамара Котевска е годинашниот македонски кандидат за „Оскар“

September 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • EXIT против Вучиќ, Орце со EXIT – што значи ова за ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: „2 Бона“, Елена Ристеска и Вера Јанковиќ , македонска музика и добра забава во сабота во Паркот на Франкофонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватската легенда Дарко Рундек го снима најновиот видео спот во Скопје под режија на Ѓорѓе Јовановиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk