ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Контраспин: Подобро „хибриден режим“ отколку „заробена држава“

На прес конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обиде да ја изманипулира јавноста и да произведе спин, обвинувајќи ги своите политички противници Зоран Заев и СДСМ владееле преку „хибриден режим“. И, се разбира, сосема „заборави“ да напомне дека кога неговата партија беше на власт, до пред само неколку години, тоа владеење не само што беше, исто така, оценето како „хибриден режим“ (и тоа со далеку полоша оценка), туку и како „заробена држава“

January 27, 2020 16:00
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На прес конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обиде да ја изманипулира јавноста и да произведе спин, обвинувајќи ги своите политички противници Зоран Заев и СДСМ владееле преку „хибриден режим“. И, се разбира, сосема „заборави“ да напомне дека кога неговата партија беше на власт, до пред само неколку години, тоа владеење не само што беше, исто така, оценето како „хибриден режим“ (и тоа со далеку полоша оценка), туку и како „заробена држава“.

СПИН: Економист го оценува владеењето во Македонија како хибриден режим. Исклучително поразителна оценка за владеењето на правото и правната држава. На чекор сме до она што се опишува како авторитарен режим во кој Зоран Заев ја втурнува државата. И секако дека ова нема да го чуете во скапите спотови на власта, но граѓаните, сите до еден го живеат хибридниот режим на Заев.

[Извор: Прес конференција на Христијан Мицкоски, датум: 23. јануари 2020]

КОНТРАСПИН:

Се разбира дека вакво нешто нема да чуете. И тоа не само во „скапите спотови на власта“ (?), туку и никаде на друго место, затоа што вакво нешто никој друг ни во земјава, ни во светот не би кажал. Зошто? Затоа што сè што е овде кажано е спин. И затоа што станува збор за обична манипулација.

Во овогодишниот Индекс на демократија (кој се однесува на 2019 година) и кој го изработува аналитичката куќа „Економист Интелиџенс Јунит – EIU”, а не неделникот „Економист“, кого, пак, го издава друга сестринска компанија na EIU, Северна Македонија бележи напредок од едно место споредено со лани и сега се наоѓа на 77-ма позиција од 167 земји. Северна Македонија е пред Црна Гора, Албанија и Босна, но зад Србија. Исто онака како што земјава забележи подобар пласман во истражувањето за 2019 година (објавено завчера), таа забележи подобар пласман и во истражувањето за 2018, кога од 88-мо се искачи на 78 место, а истото се случи и во истражувањето за 2017 година кога од претходното 95-то се искачи на 88-мо место. Ова едноставно значи дека во сите три истражувања – за 2017, 2018 и 2019 година, значи годините кога СДСМ е на власт, Северна Македонија постојано го подобрува пласманот на Индексот за демократија на EIU. Состојбата е толку многу подобрена од 2016 година, што станува збор за раст од 18 места (односно претекнати се исто толку земји) во период од 3 години.

Графикон: Economist Intelligence Unit, 2020

И тоа сето ова за разлика од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, односно за разлика од драматичниот пад во рангирањето од 2015 година, кога државава падна од 78-мо на 95-то место. Како што е добро познато, 2015 година е годината кога пукна скандалот со прислушувањето, по што Европската комисија во својот годишен извештај за напредокот на земјава во следната 2016 година ја нарече „заробена држава“. Во изминативе 3 години владеење актуелната власт успеа да го поврати истото рангирање како и во 2015 година (78-мо место), па дури и да го подобри за една позиција годинава (77-мо место).

Како што може да се види од горниот графикон, полошото 78-мо место во 2015 година носело оценка од 6,02 поени (оценките се од 1-најлоша до 10-најдобра), додека овогодишното рангирање на подоброто 77-мо место ни донесе само 5,97 поени и не остави само 0,03 поени под „магичната бројка“ од 6 поени, колку што се потребни да се помине границата и од „хибриден режим“ да се премине во групата земји кои EIU ги вика „несовршени демократии“. Причината зошто е ова вака, односно зошто 77 место денес носи помалку поени отколку 78-мо место пред 5 години е во ставот на аналитичката куќа, која смета дека демократијата назадува на глобално ниво и затоа оценките денеска се построги отколку пред 5 години, но сето тоа нема врска со Северна Македонија.

Она што е важно, тоа е фактот дека сега сме одлепени и далеку од долниот ешалон на земји оценети како „хибридни режими“ кои имаат оценки пониски од 5.00, бројка до која ние опасно се приближивме во 2015 година со 5,23 поени, како што се приближивме и до земји какви што се Нигерија, Гамбија, Хаити, Мали, Сиера Леоне и, за жал, Босна и Херцеговина.

Инаку, ваквиот тригодишен раст во пласманот од 18 места и фактот што ни недостигаат само 3 стотинки од 1 поен до оценката 6, покажуваат дека ако реформите продолжат и годинава, идната година сме на добар пат да го напуштиме 5-годишното именување на државава како „хибриден режим“ и да се качиме на погорното ниво.

Во секој случај, сите овие аргументи покажуваат дека горната изјава на Мицкоски е обична манипулација, која во конкретниов случај е само искористена како вовед и повод за понатамошните напади врз неговиот политички опонент во продолжетокот на прес конференцијата. Што не би било проблем кога тоа што го кажува не би било манипулација и спин. Како што бездруго е.

извор: Вистиномер

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Вајц: Македонија е предводник во регионот, нејзиното пристапување кон ЕУ е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови

July 9, 2025

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

July 9, 2025

Во прекин сообраќајот Скопје-ГП Блаце, затворен и граничниот премин

July 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ирена Јовева. Фото: Фејсбук

    Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk