ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Мизрахи со небулозни деманти врши притисок врз А1он и ги навредува новинарите

Поврзано со вашиот крајно тенденциозен, полн со шпекулации и невистини текст објавен на порталот а1on.mk “Мизрахи ја назначи советничката на Груевски за шеф на кабинет“ бараме Јавно да се извините и ги пренесете точните информации и го објавите нашиот демант, се вели во демантот на Мизрахи.

January 27, 2020 18:45
in ДЕНЕС, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи испрати демант со кој во стилот на Никола Груевски се обидува да ги замолчи новинарите и „А1он“. Демантот се однесува на текстот со наслов “Мизрахи ја назначи советничката на Груевски за шеф на кабинет“, за кој А1он останува на ставот дека е точен и веродостоен и нема да се извинува, велат од редакцијата.

И порачуваме на министерката Мизрахи дека нема да дозволиме да биде главен уредник и ја замолуваме да внимава на речникот и на квалификациите за новинарите. За конкретниот текст ја баравме и советничката Марија Апостолова за да се изјасни, но таа не одговори на повикот.

Освен тоа, информацијата дека Апостолова била на листата советници и стручни соработници на поранешниот премиер е дел од јавен документ објавен на веб-страницата на Владата на 52 позиција на листата, па нејсано е што демантира Мизрахи.

А1он, со доказите кои ги поседува, ќе ги извести сите меѓународни организации за притисокот од министерката на ВМРО-ДПМНЕ.

Ја замолуваме министерката да не се обидува да го вовлекува медиумот во партиски борби и партиски да го етикетира, зошто со тоа нема ништо да сокрие ниту пак ќе не спречи да пишуваме за неа, велат од редакцијата на А1он во реакцијата.

Демант на министерката Рашела Мизрахи

Поврзано со вашиот крајно тенденциозен, полн со шпекулации и невистини текст објавен на порталот а1on.mk “Мизрахи ја назначи советничката на Груевски за шеф на кабинет“ бараме Јавно да се извините и ги пренесете точните информации и го објавите нашиот демант, се вели во демантот на Мизрахи.

Самиот наслов укажува на крајно несоодветен и навредувачки однос на А1он и новинарот Ландов кон министерката Рашела Мизрахи ословувајќи ја министерката како Мизрахи што е улична комуникација и недостојно претставување на позицијата која ја има министерката, бидејќи ниту го познава новинарот ниту пак имаат било каква комуникација за да се обраќа на тој начин. Дополнително г-ѓа Марија Апостолова, е државен службеник вработена во Владата на Република Македонија од 2011 година и своите должности ги обавувала во владите на Никола Груевски, Емил Димитриев и Зоран Заев, што значи дека г-ѓа Марија Апостолова не е советник на поранешниот премиер Никола Груевски, не е дел од советниците на поранешниот премиер Никола Груевски за што наведувате, ниту пак е инсталација како што наведувате и ја доведувате во заблуда јавноста.

Крајно е сомнително и што вашиот текст истовремено излегува со изјавата на Милан Живковиќ – претседател на комисијата за социјална политика и труд во СДСМ каде истите работи се потенцираат.
Сакаме да Ве прашаме дали го имате истиот однос кон министерот Никола Димитров и него го именувате како Амбасадорот на Груевски или преговарачот на Груевски?

За крај ВЕ информираме дека ќе ги информираме Здружението на новинари на Македонија и Македонската Асоцијација на новинари за крајно несериозниот, тенденциозниот и полн со навреди однос на А1он и новинарот Кристијан Ландов кон институцијата министер и министерство.

Во иднина Ве молиме, заради коректна и фер соработка да побарате изјава или коментар од наша страна поврзано со текст што го пишувате за нас како би имале и втора страна во објавата, а не како сега, бидејќи тоа е едно од начелата во новинарството. За комуникација со кабинетот на министерката и министерката Рашела Мизрахи ќе биде задолжено лице кое транспарентно ќе биде објавено во наредните денови.

Текстот е целосно пренесен од А1он.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Украинските сили започнаа ракетен напад насочен кон концентрација на руски ракетни трупи во руската област Брјанск на 5 јуни 2025 година. Фото: Скриншот од видео на Генералштаб / Телеграм

Украинските сили ја нападна руската ракетна база во Брјанската област, уништувајќи и оштетувајќи лансери „Искандер“

June 5, 2025
Скриншот

Хегсет: Речиси да постои консензус во НАТО за зголемување на трошоците за одбрана на пет отсто од БДП

June 5, 2025

Хрватска го враќа задолжителниот воен рок од 2026 година

June 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Моника Зајкова: На Македонија и треба ЕУ и една изборна единица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нухиу: Изборен систем од една ИЕ е погоден за сите граѓани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мира Мурати: Од OpenAI до Thinking Machines Lab – нова етапа во развојот на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јовановиќ: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk