ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тврдењето на Николоски за незапленувањето на кокаин е невистина

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен пратеник Александар Николоски изнесе неточно тврдење во рамки на гостување на Утринска програма на ТВ Алфа на 21.01.2020, дека во РСМ во последните три години не бил фатен грам кокаин, бидејќи кругови во владејачката партија, а блиски до лидерот Заев биле во коалиција со нарко бандите во Македонија. Пред да им се пушти местото на фактите да зборуваат околу тоа, при што, неразбирливо е зошто е апострофиран само кокаинот, може само информативно да се напомене дека ова тврдење на Николоски, т.е. на партијата, по сè изгледа, не е случајно

January 27, 2020 13:08
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста изговори тврдења поврзани со трговијата со дрога во РСМ при што декетирана е и невистина:

„…Во моментов кокаин имате на улиците на Скопје повеќе него било кога во историјата на Македонија, поевтин е било кога и подостапен е од било кога. Еве нека размислат сите што не гледаат кога последен пат виделе кило кокаин да фати македонската царина или македонската полиција? Јас ќе ви одговорам, овие три години грам не е фатено. Дури ни по грешка, кога праат претрес на некој камион, автобус или автомобил… мислам и по грешка да фатат го враќаат назад, затоа што структурите на СДСМ околу Зоран Заев се во криминална коалиција со нарко бандите во Македонија“. (А. Николоски)

Факт е дека Заев и СДСМ се во неформална коалиција со нарко бандите во Македонија (ВМРО-ДПМНЕ)

[Извор: Алфа Анализа/ТВ Алфа – Александар Николовски/ВМРО-ДПМНЕ/Соопштенија, датум; 21.01.2020]

 ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен пратеник Александар Николоски изнесе неточно тврдење во рамки на гостување на Утринска програма на ТВ Алфа на 21.01.2020, дека во РСМ во последните три години не бил фатен грам кокаин, бидејќи кругови во владејачката партија, а блиски до лидерот Заев биле во коалиција со нарко бандите во Македонија.

Пред да им се пушти местото на фактите да зборуваат околу тоа, при што, неразбирливо е зошто е апострофиран само кокаинот, може само информативно да се напомене дека ова тврдење на Николоски, т.е. на партијата, по сè изгледа, не е случајно.

Имено, ова се надоврзува на изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев, кој само што беше именуван на 3-ти јануари годинава, веќе на 6-ти јануари обвини за спрега на раководни структури на МВР со криминални групи.

Николоски сега е подиректен, па се обраќа на јавноста со обвинување дека таа врска е врска на луѓе од СДСМ блиски до Заев, а дека како резултат на тоа не бил фатен грам кокаин во последните три години, дури ни случајно.

„Вистиномер“ изврши една лесна проверка, токму околу кокаинот – иако повторно не е јасно зошто се апострофира само кокаинот, кога се знае дека многу подостапни и помасовно во употреба, а со тоа и поопасни, се амфетамините или хероинот – и утврди дека тврдењето на Николоски е невистина.

Проверката се однесуваше на тоа колку Јавното обвинителство на РСМ покренало истраги или обвиенија, знаејќи дека тие секогаш се должат на претходни кривични пријави поднесени од МВР, а исклучок се самостојни активности на обвинителството.

Такви примери за последните три години може да се најде следното: еве, за почеток, само во декември 2019, во еден случај, се запленети 900 грама кокаин, претходно во Скопје во друг случај, повторно е запленет кокаин, иако многу помало количество, во трет случај, исто во декември, фатени се 14 гр. кокаин во Гостивар, во март 2019 во Скопје се запленети 90 грама коакин, исто така, во март 2019 биле запленети околу 130 гр. кокаин и повторно во март во трет случај 270 гр. кокаин, во јуни истата година во Велес се запленети повеќе наркотици при што и кокаин, во мај 2018 г., кај дилер се фатени 50 гр. кокаин, ит.н. …

Можат да се редат повеќе примери, но за тоа дали органите и институциите ја работеле својата работа, можеби речито говори неодамнешната голема меѓународна акција каде што  МВР на РСМ, во активна истрага со шпанската полиција, спречија влез на 700 килограми кокаин од Латинска Америка во Европа. Ако се погледнат добро фактите, сосема е јасно дека од влез во Европа, кокаинот можел да дојде и во Македонија. Но, освен ова, покренати се обвиненија против лица кои се државјани на земјава.

Поради погоре наведените факти, може да се оцени дека тврдењето на Александар Николоски дека не бил запленет грам кокаин во изминатите три години во РСМ, а причина било тоа што кругови од СДСМ блиски до Заев биле во криминална коалиција со нарко бандите, како и повтореното тврдење на партијата истиот ден во нивната рубрика Факти на денот, се невистина.

Сосема е можно, како и во секоја полиција во светот, дел од полициски структури да се поврзани со криминални банди, како што вели новиот технички министер, но тоа, прво, засега не е поткрепено со истрага и докази, а второ, од тоа воопшто не може по автоматизам да се вадат тврдења со обвинување кон врвови на владејачката партија и нејзиниот претседател. Особено не со невистинито тврдење, дека поради тоа немало заплена на кокаин, ни грам.

извор: Вистиномер

Next Post

Објавени имињата на сите жртви во несреќата во која загина Коби Брајант

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk