Професорката на Правниот факултет, Гордана Силјановска-Давкова говорот во Собранието за Законот за јавно обвинителство го почна со поука пратениците да гласаат по сопствено убедување.
„Бомбардирани сме од инфромации дека се разговара за потребното мнозинство, дека има разбирање за потребата на законот. Процедурата е гаранција за демократија, пратениците треба да се изборат за тоа. Се што е неформално, не води кон демократија, туку кон еден друг систем. Пратениците треба да гласаат по сопствено убедување“, рече Давкова.
„Краен илузионизам е дека ако го донесеме овој закон ќе покажеме дека сме против криминал и корупција“. додаде Силјановска-Давкова.
„Ако во 2007 година законот за јавно обинителство бил на Венецијанска комисија треба и овој. Не може по скратена постапка да се носи ваков системски закон“, рече таа.
„Кога се споредува со Законот од 2007 година, гледам дека недостасува јазикот на кој ќе бидат напишани имињата на обвинителствата. Спорно е во Закон за дво-третинско да се упатува на Закон кој се носи со обично мнозинство, односно Законот за јазици. Мислам дека еднаш кога ќе го споменете името на државата во заграда да одите со Републиката, нема потреба папагалски да одите со Северна Македонија, тоа е уште болна тема за нас“, додаде Давкова.