ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска ја потпиша Мултилатералната конвенција на ОЕЦД за спречување даночна евазија

Со потпишување, како што соопштуваат од Министерството за финансии, на овој мултилатерален договор ќе се зајакнат постојните договори за избегнување двојно оданочување, во насока на борбата против даночната евазија.

January 29, 2020 12:30
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска ја потпиша Мултилатералната конвенција за мерки за спречување ерозија на даночната основа и преместување на профитот, во рамки на 8-миот состанок на БЕПС (Рамка за мерки против даночна евазија на ОЕЦД), што се одржува во Париз.

Со потпишување, како што соопштуваат од Министерството за финансии, на овој мултилатерален договор ќе се зајакнат постојните договори за избегнување двојно оданочување, во насока на борбата против даночната евазија.

-Пристапувањето кон оваа мултилатерална конвенција ќе и помогне на нашата земја да се бори против злоупотребата на билатерланите договори и ќе ги зајакне постојните договори против избегнување данок и против вештачко префрлање на профитот на локации со пониски даноци, или каде нема да се плати данок. Досега имаме потпишано билатерални договори за избегнување двојно оданочување со 49 земји. Билатералните договори се потпишувани низ годините и голем дел од нив се по застарени стандарди. Потпишувањето на конвенцијата ќе ни овозможи обновување на сите договори одеднаш и додавање на дополнителна заштита против двојно неоданочување и штетните даночни практики,рече Ангеловска.

Република Северна Македонија е 94-та земја која ја потпишува оваа конвенција.

Главната тема за дискусија на 8-миот БЕПС состанок се даночните предизвици што  произлегуваат од дигитализацијата. На состанокот присуствуваат 350 делегати од 122 земји кои дискутираат за предизвиците, со цел да најдат консензус и да утврдат чекори кон потенцијални решенија, од кои некои можат да направат промени во меѓународните даночни норми, кои исто така се од голема важност за земјите во развој.

– Дигиталната ера во која живееме, бара нови решенија за справување со новите предизвици. Алокацијата на даночните права и оданочив профит повеќе не може да се препише само според физичката локација. Глобализацијата и дигитализацијата овозможуваат компаниите да продаваат и водат бизнис во земји без да инвестираат во локална инфраструктура и оперативни активности. Фактот што интеракциите со клиентите може да се водат од различни локации овозможува бизнисите да имаат активно присуство во земјите без какво било физичко присуство. Автоматизираните  дигитални услуги отвараат нови предизвици и дискусии за нивно дефинирање. Потребни се транспарентни интернационални даночни правила. Од исклучителна важност е да фатиме чекор и да бидеме во тек со можностите, но и предизвиците кои ги отвара дигиталната економија особено за малите земји во развој како нас, посочи министерката за финансии.

Во август 2018 година Република Северна Македонија стана 117-та земја членка на БЕПС Инклузивната рамка. Во оваа Рамка, рамноправно со останатите земји учествуваме во преземање мерки за спречување одбегнување на плаќање на данок, односно мерки за зачувување на сопствената даночна основа. БЕПС пакетот е составен од 15 мерки во рамки на кои се утврдени активности кои ќе им помогнат на земјите во справувањето со можностите за одбегнување на плаќањето на данок. Република Северна Македонија активно учествува во имплементирањето на овој пакет на мерки.

Next Post

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе испорачува сметки на биоразградлива хартија

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk