ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Расправата со расправа заврши…

Најинспиративен за „курирските служби“ беше говорот на Дерала, што сосема погрешно и во нивниот кукавички манир го сфатија како „закана“, ама лична, полична здравје.

January 29, 2020 21:56
in ПРАВДА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

Го сакаме Јовески, не го сакаме Јовески – процедурално било, не било процедурално – вака отприлика започна вториот ден од јавната расправа во Собранието „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“, која ја свика Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците за Предлог – законот за Јавно обвинителство.

Откако се смирија страстите и конечно започна расправата, имавме една констатација од професор по право дека нешто со Законот се крши Уставот, но и дека носењето на законот нема никаква врска со евроатлантските перспективи на земјата, а ниту е услов за добивање датум за преговори. Наводно, тоа прашање во некоја иднина ќе се постави со отворањето на Поглавјето за владеењето на правото и реформите во правосудството.

Кога се во прашање професори – советници на ВМРО-ДПМНЕ, сè што не е во нивна корист е против Уставот, против законите, против… Сепак, стартот иако вообичаен, она што следуваше ги извади од кожа сите што седеа на десната страна наспроти говорницата, ги натера да се кренат од фотелја, да коментираат, па дури и да поведат „дебата“, како расправата да е резервирана само за нивните „аргументирања“.

Џабир Дерала, ЦИВИЛ, го крена адреналинот на вмровците.

„Знаеме дека во преговорите, од една страна постојано се пласира идејата за амнестија со која ќе прекине гонењето со предметите. Сѐ друго се изговори… ВМРО-ДПМНЕ бара уништување на бомбите и материјалите со законски одредби – тоа барање сѐ уште е на маса. Тоа е крајно неприфатливо барање!… Пред пратеничките и пратениците во овој законодавен дом се наоѓа изборот: ДАЛИ ЌЕ ГИ ПОДДРЖАТ ИНТЕРЕСИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА ИЛИ ЌЕ ГИ БРАНАТ ИНТЕРЕСИТЕ НА КРИМИНАЛЦИТЕ?… Ако не го донесете овој закон, овој состав ќе биде запаметен само по крвавиот напад на 27 април 2017 година. Не го дозволувајте тоа!… Донесете го овој закон, а во меѓувреме, контактирајте ги најдобрите адвокати што можете да си ги дозволите“, изјави Дерала, меѓу другото.

Од „политички говор“, до „човекот ја промаши темата, вие не реагиравте“, ама ова, ама она, накратко, ги брцна онаму каде што најмногу ги боли. Нема што повеќе да се каже. Удар, директен, искрен и на место. Реакцијата – очекувана и во духот на агитпропот што го гледаме повеќе од една деценија.

Следни на ред беа Александар Даштевски, со ставот дека именувањето на јавниот обвинител треба да биде само еднаш, според препораките на Венецијанската комисија. Инаку, Даштевски е познат по својот долгогодишен молк пред дискриминацијата од режимот и по поддршката на говорот на омразата против активистите за човекови права – од позиција на претседател на Државната комисија за антидискриминација!

По него следеше Никола Тупанчевски кој смета дека, доколку се сака да се продолжат случаите на СЈО, тоа не може да биде како што е сега, бидејќи има повреда на стварната надлежност.

И еден предлог од Горан Левков, новинар од СКУП: Советот на Јавни Обвинители треба да биде независен и политиката да ги тргне рацете. И едно потсетување од Левков зошто овој предлог е добар: „Арбен Исаку, колку што памтам, беше донатор на политичката партија ДУИ, а една година претходно тој бил избран како член на Советот“.

Но, најверојатно, најинспиративен за „курирските служби“ беше говорот на Дерала, што сосема погрешно и во нивниот кукавички манир го сфатија како „закана“, ама лична, полична здравје. Немајќи друг начин да го дискредитираат, се послужија со старите фори демек, ете, министерката Дескоска немала храброст тоа така да го изнесе, па нели, Дерала е тука да помогне. Панично, немој некој случајно да се подзамисли за она што искрено, граѓански, го кажа Дерала, и предупредувачки за нивното членство – ако некој треба да ви креира мислење тоа сме ние, немојте случајно сами да тупите глава (се разбира, парафразирано, од она што сè се објави од курирските портали).

За крај, расправата со расправа заврши. Сега се очекува да се издвојат аргументите од прес-говорите на десното крило. Одлуката останува на пратениците. А, дали тие, како претставници на граѓанките и граѓаните, народни претставници, со чии гласови удобно се сместија во фотелјите, ќе дадат придонес во проевропските аспирации или ќе пуштат железна завеса кон Европа и светот, останува да видиме.

Извор: ЦИВИЛ Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Шахпаска: Граѓаните не ги забораваат 24 декември и 27 април

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Фото: Скриншот

Бајден го заврши циклусот на радиотерапија за агресивен рак на простата

October 21, 2025

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk