ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025 12:03
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

За време на кампањата за локалните избори 2025 во Северна Македонија се забележа висок степен на говор на омраза и прекршување на изборниот молк, особено на социјалните мрежи. Кампањите се водеа со навреди, провокации и дезинформации, што го нарушува изборниот процес и влијае врз јавниот дискурс.

Ден пред главните избори (сабота) гласаа болни и изнемоштени лица на домашна адреса, лицата во притвор или затвор, како и оние сместени во домови за стари лица. Сите гласачки кутии – вклучувајќи ги и овие – се отвораат и броењето започнува по завршување на гласањето на изборниот ден (во недела), кога гласаат сите граѓани.

Меѓутоа, Фејсбук-страницата „Гевгелија денес“ објави лажна и манипулативна содржина, односно наводни резултати од гласањето на болни и изнемоштени лица во Гевгелија:

ВМРО – 177 гласови (89%), СДСМ – 19 гласови (10%), Левица – 1 глас (0,5%) и ЗНАМ – 1 глас (0,5%).

По завршување на гласањето на болни, изнемоштени лица, лица во притвор и во домови за стари лица, резултатите не се бројат веднаш и никој не може да знае кој колку добил сè до официјалното започнување на броењето на изборниот ден. Броењето започнува дури по завршување на гласањето на изборниот ден (во недела), кога се отвораат сите гласачки кутии истовремено.

Затоа, секоја информација или бројка што се објавува пред официјалното затворање на избирачките места се смета за дезинформација!

Покрај ваквите лажни вести, на социјалните мрежи се ширеше и говор на омраза, особено по етничка линија. Еден од коментарите на мрежата Х гласел:

„Дијаспората шиптарска за Чашка. Нашите од Велес не му се оди на гласање, епа чорба Македонска општина отиде на УЧК. П*** ви матер“, напиша корисникот „Командирот“.

Во Прилеп, за време на изборниот молк, бил отворен штаб на владејачката партија, а на социјалните мрежи кружеле коментари од типот:

„Можеш слободно да кажеш дека се вмрони од ВМРО. Не те пријавува никој“, објавил корисникот „Сплинтер“.

Порталот Народен глас, пак, во текот на изборниот молк објави непотврдена информација дека МВР привело неколку лица во Прилеп поради наводен поткуп за гласови, со наслов:

„БОМБА НА МВР: Таткото на градоначалникот на Кушево Томе Христовски лишен од слобода, неговиот татко вршел поткуп во прилепската ромска населба Тризла?!“

Поради ваквите прекршувања на изборниот молк во првиот круг од локалните избори 2025, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната 15-та седница одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ 24 Вести и ТВ Вистел.

Како што појаснуваат од Агенцијата, двете телевизии на 19 октомври, за време на изборниот молк, емитуваа изјави од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој е носител на функција во орган на власта. ТВ Вистел во два наврати емитувала прес-конференција на министерот, додека ТВ 24 Вести во вестите во 10 часот објавила негова изјава.

Извештаите од надзорот над изборното медиумско претставување на ТВ 24 Вести и ТВ Вистел се достапни на следните линкови: ТВ 24 Вести е достапен на линкот и ТВ Вистел е достапен на линкот.

Локалните избори 2025 покажаа дека дезинформациите, говорот на омраза и непочитувањето на изборниот молк, особено на социјалните мрежи, остануваат сериозен предизвик за демократскиот процес и медиумската етика во земјата.

Дехран Муратов во соработка со ТИМОТ НА ЦИВИЛ ЗА МОНИТОРИНГ НА ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (ЦХТМ)

Преземено: Цивил Медиа

Next Post
Фото: Скриншот

Бајден го заврши циклусот на радиотерапија за агресивен рак на простата

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk