ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026 18:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во периодот од 2 до 4 јуни 2026 година, во Солун, Република Грција, учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (BCHOD Conference).

Годинашната конференција, која се одржа на тема „Предизвици и иновации во цивилната заштита – прилагодување кон новите реалности на војувањето“, беше отворена од страна на домаќинот, началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Грција, генерал Димитриос Купис (Dimitrios CHOUPIS), кој во своето воведно обраќање ја истакна потребата од унапредување на регионалната соработка и зајакнување на отпорноста на општествата во услови на современи безбедносни предизвици.

Генералот Лафчиски во своето обраќање истакна: „Како воени лидери, мораме да ги адаптираме нашите доктрини, обука и стратешка култура на современите реалности“, додавајќи „Иднината на војувањето ќе продолжи брзо да еволуира, но без разлика на тоа како технологијата го менува карактерот на конфликтот, еден принцип мора да остане непроменет: заштитата на цивилите мора да остане во јадрото на секоја воена и политичка одлука“.Во оваа прилика генералот Лафчиски потенцираше дека нашата држава останува цврсто посветена на регионалната соработка на Балканот, нагласувајќи „Дијалогот, партнерството и колективната подготвеност остануваат основите за превенција од кризи и заштита на населението“.

На конференцијата дополнително се дискутираше за предизвиците поврзани со цивилната заштита, отпорноста на општествата, примената на нови технологии и иновации, како и за механизмите за регионална соработка во справувањето со кризи и вонредни состојби.

Во рамки на конференцијата, генералот Лафчиски оствари и билатерални средби (pull aside) со дел од началниците на Генералштабовите на балканските земји и дел од командантите на командите на НАТО.

На конференцијата, покрај началниците на Генералштабовите на земјите од Балканот, присуствуваа и: министерот за национална обрана на Република Грција Антонис Давакис (Athanasios DAVAKIS), директорот на Дирекцијата за иновации, одбранбена индустрија и вооружување со седиште во НАТО, д-р Никос Лутас (Nikos LOUTAS), како и командантот за операции на поморските сили на ЕУ ASPIDES (EUNAVFOR ASPIDES), адмиралот Василиос Грипарис (Vasileios GRYPARIS).

Форумот „BCHOD“ е основан на иницијатива на Грција и Турција во 2006 година. Официјално иницијативата е воспоставена со потпишување на „The Terms of Reference of the Balkan Countries’ CHODs Conference on Military Cooperation“ од страна на началниците на Генералштабовите на балканските земји на 10 мај 2007 година во Брисел. Главната цел на оваа иницијатива е промоција на стабилноста, соработката и добрососедството на земјите во регионот.

Домаќин на следната 20-та Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (BCHOD Conference), ќе биде Република Србија.

Next Post

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk