ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026 18:50
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје стана центар на нова регионална иницијатива која има амбиција да го стави спортот во служба на дипломатијата, економскиот развој и поврзувањето на земјите од Западен Балкан. На иницијатива на Македонскиот олимписки комитет (МОК), во Скопје е формиран Регионален хаб за спортска дипломатија, прва ваква формална платформа во регионот која ќе ги обединува националните олимписки комитети, спортските институции и партнерските организации во насока на развој на заеднички проекти и нови можности за соработка.

Иницијативата на МОК стана реалност на Националната конференција „Спортска дипломатија: политики, практики и идни можности за стратешка употреба на спортот во унапредување на националните и дипломатските интереси“, која денеска се одржа во Скопје во организација на МОК и на која учествуваа претставници на олимписките комитети од регионот, амбасадори, меѓународни организации, претставници на институциите и академската заедница.

Формирањето на платформата за спортска дипломатија е официјализирано со Декларација што ја потпишаа претставници на националните олимписки комитети на Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Косово и Албанија, кои се обврзаа преку спортската дипломатија да придонесуваат за јакнење на регионалните врски, развој на спортскиот туризам, промоција на националните брендови, поттикнување на трговската размена и создавање нови инвестициски можности.

Потписниците на Декларацијата ја истакнаа заедничката определба спортот да се користи како инструмент за градење доверба, разбирање и пријателство меѓу народите, но и како двигател на поширок општествен и економски развој на регионот. Преку соработка меѓу спортистите, спортските работници и институциите, платформата ќе работи на иницијативи од заеднички интерес кои ќе придонесат за поголема регионална поврзаност и меѓународна конкурентност на земјите од Западен Балкан.

– Спортот ја има таа магија да обединува и да гради мостови таму каде што понекогаш другите механизми не успеваат. Нашата цел е таа сила да ја преточиме во конкретни активности, партнерства и резултати. Со формирањето на хабот сакаме да покажеме дека спортот не е само најдобар амбасадор на државите, туку и платформа преку која можат да се откриваат и развиваат економските потенцијали на регионот, да се привлекуваат инвестиции и да се создаваат нови можности за соработка – изјави претседателот на МОК, Даниел Димевски.

Тој истакна дека хабот ќе претставува место каде спортските организации ќе ги поврзуваат институциите, бизнис-заедницата и дипломатските претставништва околу заеднички развојни иницијативи.

– Често велиме дека спортот е најдобар амбасадор, но ако тоа не се преточи во конкретни дејства останува само флоскула. Затоа сакаме преку овој хаб да ја покажеме вистинската моќ на спортот, а тоа е да создава нови партнерства, отвора нови пазари и придонесува за развој на државите и регионот – додаде Димевски.

Конференцијата испрати јасна порака дека спортската дипломатија претставува современа алатка за јакнење на регионалната соработка и меѓународната видливост на државите, а новоформираниот Регионален хаб за спортска дипломатија ќе биде платформата преку која оваа визија ќе се претвора во конкретни проекти, иницијативи и партнерства.

Next Post
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

Shortcut

Најново

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk