На јубилејниот 10-ти Д Фестивал што ќе се одржи од 3 до 5 јули во Дојран, како прв потврден гостин е синот на Боб Марли, Ky-Mani Marley
Јамајканскиот хип-хоп и реге артист Ky-Mani Marley е првиот потврден гостин на Д Фестивал, известуваат организаторите на Д Фестивал – Дојран.
„Синот на Боб Марли не дозволува вредностите на неговиот татко да отидат во заборав со тоа што ја продолжува традицијата и со својата музика ги инспирира луѓето од целиот свет. Играјќи си со хип-хоп, блуз, реге и рок звуците, во јули ќе ни ја раскаже својата уникатна животна приказна“