Не можеме да одговориме кои се причините за палањето на контејнерите и кантите за отпад, бидејќи не ги знаеме сторителите и шти ги наведува на ваков чин. Од почетокот на 2020 се запалени 17 садови за одлагање на отпадот што е многу црн биланс. Во 2019 се запалени точно 117 контејнери.
Вкупната штета е над 1,5 милиони денари кои ги претрпе претпријатието, изјави во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, Ана Марија Бранѓолица, портпарол на Комуналното претпријатие Јавна хигиена, во врска со овој сериозен и негативен тренд на палење на контејнери во главниот град.