ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Јана Белчева: Иницијативата за уредување на „Треска“ за жал засега не е прифатена

Вчерашната Седница на Советот на Општина Центар-Скопје беше следена со голем интерес од средствата за јавно информирање, иницијаторите, монитори од меѓународни институции и организации како и присутни граѓани. Со, тоа, можам да искажам лично задоволство дека уредувањето и планирањето на просторот во насока на повисок квалитет на живеење на граѓаните се наметнува како важна тема на интерес кај медиумите. Во однос на конкретната граѓанска Иницијатива за уредување на просторот на поранешната фабрика Треска, засега со жалење можам да констатирам дека вчера не беше прифатена и се надевам дека тоа ќе се случи на продолжението на седницата

January 31, 2020 12:59
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Голем е интересот и многумина се јавуваат да прашаат што се случи вчера со инивијативата за архитектонско-урбанистички конкурс за Треска, известува Јана Белчева претседателка на Советот на Општина Центар.

„Вчерашната Седница на Советот на Општина Центар-Скопје беше следена со голем интерес од средствата за јавно информирање, иницијаторите, монитори од меѓународни институции и организации како и присутни граѓани. Со, тоа, можам да искажам лично задоволство дека уредувањето и планирањето на просторот во насока на повисок квалитет на живеење на граѓаните се наметнува како важна тема на интерес кај медиумите.

Во однос на конкретната граѓанска Иницијатива за уредување на просторот на поранешната фабрика Треска, засега со жалење можам да констатирам дека вчера не беше прифатена и се надевам дека тоа ќе се случи на продолжението на седницата.

Токму преку оваа иницијатива, Општина Центар има шанса да покаже дека комуникацијата со граѓаните и нивните интереси се од највисок приоритет на градските власти и дека договарањата, условно речено зад грб на граѓаните и давање приоритет на интересот на инвеститорите пред квалитетот на живот на граѓаните, ќе станува полека историја.

Жал ми е што некои од советниците времето и можност за дебата го искористија за пронаоѓање формални недостатоци на Иницијативата, наместо да се занимаваат со суштината, а тоа е да почне јавниот простор да се уредува по мерка и потреби на граѓаните.
Во таквиот пристап на партнерство со граѓаните и инвеститорите, каде квалитетот на живот, а не само профитот ќе биде идеја-водилка, може да преземеме примери од развиените земји кои успеале да преку таква синергија да направат урбани средини посакувани за квалитетен живот. Во спротивно, ќе покажеме немоќ пред клиентелизмот и корупцијата и ќе ги изневериме довербата и очекувањата на граѓаните за чиј интерес работиме.

Јас лично, додека го извршувам својот мандат, ќе се залагам и работам единствено на подобрување на квалитетот на живот за граѓаните. Мислам дека вештините, знаењето и комуникацијата се алатки кои треба ги употребиме за чесна цел за која сме избрани, да го подобруваме квалитетот на живот за сите, во конкретнава ситуација преку уредувањето на јавниот простор. Исто така, се надевам дека ваквите иницијативи на подадена рака на граѓаните и стручњаците во градење партнерство, се повеќе од добредојдени“, пишува Белчева.

Next Post

Владата итно да ја прогласи Шар Планина за Национален парк, да не се спречува од хидро-мафијата

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk