Министерката за финансии Нина Ангеловска во прилогот за емисијата Агенда 35, вели дека системот за колективна безбедност НАТО е сигурносен чадор за инвеститорите и иако економскиот просперитет на земјите не е примарна грижа на Северно Атлантската Алијанса, сепак искуствата на членките пред нас покажуваат бројни економски придобивки по пристапувањето.
Примерите покажуваат дека просечниот економски раст на БДП по влезот во НАТО се зголемува за повеќе од 2 проценти.
Странските директни инвестиции се најзначаен показател на придобивките на земјите кои пристапуваат кон НАТО. Така кај земјите од централна и југо-источна Европа, кои пристапија на Алијансата, забележано е дека во следните 5 години имало раст од 4,5% на 7,4%. странски директни инвестиции како процент во БДП, потенцира министерката Ангеловска.
Економските придобивки со пристапувањето кон НАТО, се одразуваат и кон намалување на невработеноста. Така кај новите земји забележано е дека стапката на невработеност од 11,6% намалена е на 6,5 проценти. Извозот има раст од 6,8% на 11.8% по влегувањето во НАТО, нагласи Ангеловска.
Ангеловска понатаму, говореше за придобивките кои земјите членики од регионот ги имале со зачленувањето во НАТО:
Црна Гора имала раст од 147% на странски директни инвестиции, споредбено со годината пред пристапувањето.
Бугарија како резултат од директните странски инвестиции имала раст на БДП од 7% на 19,8% од БДП. Кај Бугарија вкупниот економски раст од 2,8% за по 5 години од зачленувањето во НАТО е 6,7%.
Кај Албанија имало раст на странски инвестиции како процент од БДП од 5,5% на 9,1%
Министерката Ангеловска вели дека сето ова се должи на зголемувањето на довербата кај инвеститорите што повлекува раст на инвестициите и понатаму економски раст, подобар стандард и вработување.
Ј. Ѓ.