ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Македонско собрание: Тврдењата на проф. Силјановска-Давкова се целосно неосновани и тенденциозни

„Собранието е транспарентна институција отворена за граѓаните во секое време. Ја повикуваме професорката Силјановска-Давкова да дојде во Собранието за да се увери дека не станува збор за интервенција“, се вели во реакцијата. 

February 2, 2020 13:45
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Тврдењата на професорката Гордана Силјановска-Давкова се целосно неосновани и тенденциозни. Никој во Собранието ниту интервенирал, ниту пак ќе се осмели да интервенира во стенограми од дискусии на пленарни седници или пак на јавни расправи, реагираат од Собранието на РСМ за обвинувањата од страна на професорката.
Сведоци сме дека за јавната расправа на тема „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борбата против корупцијата“ имаше огромен интерес, а во салата присуствуваа заинтересирани пратеници, експерти, професори… Согласно досегашната пракса, стенограмите од јавните расправи се прават од аудио материјал и во оној дел каде зборовите се неразбирливи или поради врева не може добро да се чујат се остава празна линија.  Со оглед на интересот за темата салата Борис Трајковски беше преполна. Поради вревата се случило одреден момент од дискусијата на говорниците да не се слуша убаво. Поради тоа службите оставиле празен простор, токму со цел да не интервенираат во содржината на говорот, се вели во реакцијата од Собрание.

Собраниската служба за само два дена ја организираше јавната расправа, а поради потребата за подготовката на текстот на законот за јавно обвинителство, стенограмите од сите говорници ги подготви за исклучително кус период.

Оттука, навистина не е коректно и е непрофесионално да се изведуваат погрешни заклучоци и да се обвинува во јавноста за намерна интервенција во стенограмите од говорот на професорката Силјановска-Давкова, без притоа таа да направи обид да се консултира Собранието за прво да добие информација, а потоа да изнесува заклучоци, се наведува во собраниската реакција.

„Собранието е транспарентна институција отворена за граѓаните во секое време. Ја повикуваме професорката Силјановска-Давкова да дојде во Собранието за да се увери дека не станува збор за интервенција“, се вели во реакцијата.

Next Post

Ѓоковиќ до осмата титула на Австралија Опен

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk