Полицијата денеска претпладне го приведе Ѓ.К.(31) од Велес кој вчера пред црквата „Св.Спас“ во истиот град на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзеде службениот пиштол и пукаше кон него, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесе Алсат М.
Претходно, тој со уште три лица физички нападнале полициски службеници при преземање на службени дејства.
Тројца од напаѓачите беа приведени вчера во полициска станица.