Зоран Заев, лидерот на СДСМ, во моментот сведочи на судското рочиште за “Монструм”, односно за петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро, јави Фокус.
– Бомбите за овој случај ги предадов на СЈО. Се што поседував како аудио разговори и транскрипти, крајот на 2015 година ги доставив до СЈО. Според евиденцијата, имаше повеќе од 1 милион бомби. Дел имам преслушано и споделено со јавноста, но тоа е само мал дел, рече Заев одговарајќи на прашање на судијата Огнен Ставрев.
На прашањето на обвинителката Фатиме Фетаи, кој ја правеше селекцијата, Заев рече:
-Разговорите, лично ги разгледував. За конкретниот случај, видов разговори во форма на транскрипти, а беа препознаени по името и презимето на тогаш осудените за случајот, за што имаше и пресуда на 180 страни, која ја имав. Селекција не може никој да направи зошто не може до крај да знае што се докази а што не. Ама кога ќе видите разговор на Фејзи Азири и друго лице знаете дека е еден од осудените, рече Заев.
Целиот текст ТУКА




