Активистката за заштита на животната средина и борба против климатските промени, Грета Тунберг предложена е за Нобелова награда за мир за 2020 година.
За ова признание Тинберг ја прдложија двајца шведски пратеници од левицата Јенс Холм и Хакан Швелинген, кои велат дека таа напорно работела на тоа да ги убеди политичарите да ги отворат очите пред климатските промени и дека нејзината борба за почитување на Париската климатска спогодба е придонес за изградба на мир, пренесе АП.
Седуманесетгодишната Тунберг позната е по тоа што ги охрабрува учениците да бегаат од училиште и да се придружат на протестите во кои се бара реагирање на климатските промени, а тоа движење се прошири ширум светот.
Таа го основа движењето на „Петоци за иднината“ кое инспирира бројни акции на младите ширум светот.
По правило, кој и да е пратеник од некоја држава може да номинира некого за Нобелова награда за мир, како што тоа го направија тројца норвешки пратеници минатата година кога ја номинираа Тунберг.
Предлозите за Нобелова награда за мир за 2020 година се примаа до 1 февруари.