ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Борозан: Европа нè прогласи за шампиони во остварување на целите во енергетиката

До пред неколку години владата не сакаше да ги користи овие фондови, но за среќа сега тоа се надмина. Затоа за овие две и пол години имаме значителен напредок во Енергетската заедница”- ги пренесе Борозан оценките на ЕУ за Македонија.

February 5, 2020 20:45
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Целта на планирањето во енергетиката е да се обезбеди електрична енергија со прифатлива цена за граѓаните и чие производство нема да биде штетнo за животната средина. Сите политики на Владата во овој сектор одат кон тоа да се постигне енергетска ефикасност, конкурентност на пазарот, заштита на здравјето, конекции во регионот и најважното за граѓаните- пониски сметки за струја. Ова се дел од размислите на професорката од Електротехничкиот факултет во Скопје, Весна Борозан.

Таа зборуваше на трибината на СДСМ во Битола, како дел од Агендата 20-24, посветена на енергетиката.

„Доцневме во сите сегменти на енергетскиот сектор, но во изминатите две години навистина се интензивираше темпото на реформи и планирање. Имаме резултати кои потврдуваат дека одиме напред, а тоа го потврдија и официјалните податоци на Енергетската заедница за процентот на остварување на зацртаните цели. Во 2019-та имавме 59 проценти успешност и ние бевме прогласени, од директорот на Енергетската заедница, за вкупни шампиони во однос на успешноста во остварување на целите. Да сумирам, ако се продолжи со имплементација на ЕУ законодавството тогаш сме на добар пат”- анализираше професорката Борозан.

Таа направи споредба на однесувањето на владите кон енергетиката и заклучи дека изминатите две години биле клучни во напредокот на државата во остварувањето на целите.

„Постои иницијатива на некои земји од ЕУ, а Германија го поддржува развојот за воспоставување единствен пазар за енергетика во регионот на југоисточна Европа, преку заштитни мерки за околината и подобрување на квалитетот на енергетските системи. Овие проекти кои ни се нудат, не се само за исполнување на некои директиви на ЕУ, туку преку нив имаме огромни финансиски средства и стручна помош.  До пред неколку години владата не сакаше да ги користи овие фондови, но за среќа сега тоа се надмина. Затоа за овие две и пол години имаме значителен напредок во Енергетската заедница”- ги пренесе Борозан оценките на ЕУ за Македонија.

Next Post

Царовска: Секој пензионер доби зголемена пензија за 722 денари, платите растат, ги поддржуваме компаниите

Shortcut

Најново

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk