ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Ќе остане ли консензусот при донесувањето на Законот за урбанизам само изолиран случај?

Ова е позитивен куриозитет, на кој не сме навикнати, но сега останува да се надеваме дека ваквата практика ќе има свои продолженија и за другите суштински закони и прашања кои се во интерес на сите граѓани. Ова е оној момент кога толку експлоатираната фраза на политичарите „во интерес на граѓаните“ не е само излитена фраза, ами факт. Ќе успеат ли да се изборат за „продолженија“, останува да видиме.

February 5, 2020 11:39
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По осуммесечна дебата и активно вклучување на сите пратенички групи, невладини организации и експертската јавност, новиот Закон за урбанистичко планирање, е едногласно донесен од Собранието.

За жал, досега сме немале многу прилики, да честитаме на инклузивноста на политичарите и од власта и од опозицијата. Тоа е начинот како треба да функционира Парламентот и пратениците од власта и од опозицијаta, министерствата и Владата. Македонската јавност ретко памети ваков начин на соработка, каде без притисоци и подметнувања, ами со долгорочна работа  севкупна дебата (и стручна и јавна) и со работни групи кои сериозно одговорија на задачите и усогласувања и прифаќања на предлози од сите страни, за на крај на задоволство на сите се донесе толку вака важен закон како што е Законот за урбанистичко планирање.

Претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија Лилјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ, како што вчера пренесе МИА, изрази задоволство од кооперативноста на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и од активната вклученост на пратениците во изготвувањето на ова законско решение.

– Верувам дека како Комисија, иако на крајот на овој пратенички мандат, дадовме пракса за идните пратеници како треба да се носат суштинските закони, рече Затуровска.

Ни еден закон инстантно не ги решил проблемите, поготово не вакви проблеми кои се наследени и таложени со децении, но како што рече и министерот Сугарески во вчерашното видео интервју за ФРОНТЛАЈН – Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, се Устав во градежништвото и ова е стабилна основата од која што ќе почне да се решаваа урбаниот хаос, и дивеењето.

Сугарески смета дека се работи за одличен закон со кој ќе се стави ред во урбанистичкото планирање, а неговото донесување апелираше да стане пример како во иднина треба да се носат суштинските закони.

–  За вакви суштински закони мора да се седне и да се разговара. Задоволство ми е што законот е донесен едногласно. Се надевам дека на ист начин ќе биде донесен и законот за градење, рече Сугарески.

Ова е позитивен куриозитет, на кој не сме навикнати, но сега останува да се надеваме дека ваквата практика ќе има свои продолженија и за другите суштински закони и прашања кои се во интерес на сите граѓани. Ова е оној момент кога толку експлоатираната фраза на политичарите „во интерес на граѓаните“ не е само излитена фраза, ами факт.

Пратениците својата прва шанса да покажат дека ваквиот начин на донесување на закони со консензус нема да е изолиран случај, ја имаат токму сега со донесување на Законот за Јавно обвинителство.

Ќе си подадат ли рака, ќе успеат ли да се изборат за „продолженија“, останува да видиме.

Ј. Ѓорѓиоски

 

Next Post

Ен-Би-Си: Што е точно, а што не во говорот на Трамп

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk