ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски „од ракав“ вади бројка на иселени граѓани

Па, дури и да е нето иселување, тоа значи дека во 2017 и 2018 година вкупните бројки би требало да бидат над 170 илјади иселени лица за да се стигне до бројката од 200 илјади иселени лица за 3 години за која говори Мицкоски. Бидејќи за ниедно од овие тврдења нема наведено поткрепа или доказ, иако најверојатно се невстинити, Вистиномер ќе ги оцени како недоследни.

February 5, 2020 09:52
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ / извор: скриншот од видео снимката објавена на партиската веб страница

Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ / извор: скриншот од видео снимката објавена на партиската веб страница

Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за порталот Пресс24 изнесе тврдење кое не го поткрепи со докази, дополнителни аргументи или, пак, извори, објави Вистиномер.мк.

„За 3 години дури 200 илјади лица ги напуштиле родните огништа и ја побарале среќата некаде надвор. Цели градови дополнително се празнат кога ќе треба да се оствари некоја сеознска работа во европските држави. А, луѓето заминуваат затоа што се несреќни и немаат пари. Но, пред сè, затоа што не гледаа иднина.“

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ/вебстрана/Интервју Мицкоски за Прес 24 – датум: 01.02.2020]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за „Прес 24“, објавено на 01.02.2020 година, изнесе тврдење за иселувањето од земјата, во кое без поткрепен извор и наведени докази вели дека за три години се иселиле „200 илјади луѓе, кои ја побарале среќата некаде надвор“.

Може да се каже дека ваквото тврдење е зачудувачко и дури и невистинито, имајќи предвид други анализи и бројки, но Вистинимер ќе го оцени како недоследно, поаѓајќи од тоа дека трендовите зборуваат за многу помали бројки, а, пред сè, од фактот што не е наведен извор за проверка на тврдењето.

Имено, при крајот на ноември минатата година Вистиномер објави документ од кој се гледаат бројките во последните неколку години, до 2016 година. Станува збор за студија-истражување на тема „Цената на миграцијата на младите“, изработена од Вестминстер фондацијата за демократија. Во ова истражување, базирано на домашни извори, на ОЕЦД и на податоци од ООН, се гледа дека во просек годишно од Македонија заминувале по околу 9.400 луѓе во периодот од 2012 до 2016 година. Станува збор за нето иселување, зашто таа бројка за просекот на годишно ниво е добиена од оние што ја напуштиле земјата и од оние што се вратиле на крајот на истата година, значи и од оние лица кои или биле на сезонска работа или пак аплицирале, но не добиле дозвола за престој подолго од три месеци во некоја од земјите во ЕУ или некаде на друго место во светот.

Да се тврди дека во 2017, 2018 и 2019 година земјата ја напуштиле 200 илјади луѓе, а притоа да не се наведе никаков извор е, благо речено, неодговорно. Тоа значи дека трендовите толку се смениле, што од 9 илјади нето миграција годишно, сега таа достигнала близу 70 илјади лица!?.

Оваа бројка е контрадикторна и проблематична дури и во самата партија на Мицкоски. Имено, само неколку дена пред интервјуто на Мицкоски, пратеникот и висок функционер на партијата, Антонио Милошоски тврдеше, исто така, дека бројките за иселувањето се страшни. И Милошоски, не прецизирајќи кој извор или статистика користи (барем не е наведено во медиумот што го цитираме како извор), тој зборува за бројка од 24 илјади иселени за 2019 година. Но, исто така, не е прецизирано, дали е тоа севкупно иселување или иселување без повратници, т.е. не знаеме дали станува збор за нето бројка за 2019 година.

Па, дури и да е нето иселување, тоа значи дека во 2017 и 2018 година вкупните бројки би требало да бидат над 170 илјади иселени лица за да се стигне до бројката од 200 илјади иселени лица за 3 години за која говори Мицкоски. Бидејќи за ниедно од овие тврдења нема наведено поткрепа или доказ, иако најверојатно се невстинити, Вистиномер ќе ги оцени како недоследни.

Извор: Вистиномер.мк

Next Post

Галуп: Рекордна популарност на Трамп од 49 отсто

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk