„Во Министерството за транспорт и врски разговараме за темпото на работа да не биде намалено, освен она што согласно Изборниот закон сме спречени. Согласно планот за јавни набавки ние можеме да тендерираме и да работиме на терен. Во извесен временски период не смее да поставува, на пример камен темелници и да има наше учество во тоа. Меѓутоа за мене е побитно да се работи на терен, отколку да сечеме ленти или одиме на камен темелници. Да, ние често пати правиме увид за да ја утврдиме колкава е динамиката на раст на тие проекти што ги водиме. Јас не очекувам никако да застане динамиката. Тендерите што биле планирани се дел од нив распишани во јануари, дел се од крајот на минатата година. Дел од нив согласно изборниот законик, по распишувањето на изборите ќе има одредени ограничувања, посебно во делот на градежното земјиште и ти постапки ќе застанат и ќе продолжат со прогласувањето на резултатите од изборите. Во тој дел таков е законот, јас можеби ќе кажам и за жал, но тие мора да се почитуваат.
Самиот закон за градење, онаму каде што министерството има надлежности предвидува дури и затворски казни со цел да се надминат злоупотреби за време на избори. Дел од тие одредби се внесени и во новиот Закон за градење и ние како Министерство го известуваме Државниот градежен инспекторат или Општината таму каде што има евентуално злоупотреби за да реагираат општинските градежни инспектори . Да ова е техничка влада за да спроведе избори, таа не е за да владее и не е за да управува, туку оваа Влада да спроведе избори, меѓутоа истовремено да го штити јавниот и државен интерес. Ние сме должни сите проекти кои течеле и да продолжат со истата динамика во интерес на граѓаните. Ние не можеме ако се избори да застанеме со работа на одредени водоводи или канализации што се градат. Сè она што ни дозволува Изборниот законик и ДКСК, ние ќе го почитуваме во интерес и на парламентарните избори да бидат формално како што треба“, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски за Фронтлајн.мк зборуваќи за ингеренциите на Министерството во овој формат на Владата и претстојните избори.
Б. Јордановска
Камера и фотографија: Атанас Петровски
Монтажа: Владимир Перчуклиевски