ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе иницијатива за распуштање на Собранието

Оваа одлука, вели Мицевски,  ја предлагаат бидејќи и покрај исполнетоста на сите услови за одржување на предвремени избори за пратеници, деновиве гледаат како лидерот на СДСМ, Зоран Заев се обидува да избега од истите со поставување на услови за носење на закони кои, само од нему познати причини, претставувале услов за оддржување на изборите.

February 5, 2020 13:33
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе иницијатива за распуштање на Собранието на 12 април, откако претходно од  партијата рекоа дека нема да дозволат одложување на изборите, пренесе Слободен печат.

-Денеска ќе ја доставиме иницијативата Собранието да се распушти на 12 април. Тоа следува по изјавите на Зоран Заев дека ако не се усвои Законот за јавно обвинителство, распуштањето на Собранието би можело да се одложи. ВМРО-ДПМНЕ не го избегнува донесувањето на законот за ЈО, но Зоран Заев сака да избегне одговорност пред законот. Ги повикуваме и другите партии да ја поддржат нашата иницијатива- изјави пратеникот од опозицијата, Никола Мицевски.

Оваа одлука, вели Мицевски,  ја предлагаат бидејќи и покрај исполнетоста на сите услови за одржување на предвремени избори за пратеници, деновиве гледаат како лидерот на СДСМ, Зоран Заев се обидува да избега од истите со поставување на услови за носење на закони кои, само од нему познати причини, претставувале услов за оддржување на изборите.

-За неполни три години СДСМ направи штети со несогледливи последици што се однесува на државните и национални интереси, но и штети кои што секојдневното живеење на граѓаните го прават скоро невозможно. Како никогаш досега Македонија не била поподелена, ниту по политички, ниту по партиски, ниту по национален основ, ниту по граѓански основ и тоа мора да запре- вели Мицевски.

Од страна на Транспаренси Интернешнл сме прогласени за најкорумпирана земја во Европа, вели Мицевски, според угледното списание „Економист“ Република Македонија е оценета како хибриден режим што е на чекор до авторитарен режим што претставува исклучително поразителна оценка за владеењето на правото и правната држава.

-Над 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата додека секој трет во државата има проблем да обезбеди основна егзистенција. Ветувањата на СДСМ за задржување на младите во државата паднаа во вода. Македонија се наоѓа на третото место во светот по стапката на невработеност на младите луѓе од 15 до 24 години- вели Мицевски.

Next Post

СДСМ: Играч на ВМРО ДПМНЕ го депонирал медицинскиот отпад во Дрисла

НАЈНОВО

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

ДЗР: Неправилности во работењето на прилепската болница во 2024

November 18, 2025

(ВИДЕО) Претставничкиот дом денеска гласа за објавување на сите документи за Џефри Епштајн и Гилејн Максвел

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk