Пред денешниот старт од рочиштето за случајот „Рекет“, првообвинетиот Бојан Јовановски со висок тон и навредливи зборови ја „нападна“ обвинителката Вилма Русковска, пренесе Слободен печат.
– На сила вршите тортура врз мене. Што ќе ми направите? Еве ви го последниот извештај, видете го. Корумпирана обвинителке – рече Јовановски.
Во текот на рочиштето тој ги презентираше лекарски документи и тврдеше дека му е нарушена здравствена состојба.
На неговото тврдење судечкиот судија предложи да биде повикана Итна помош, но Јовановски го одби предлогот.
– Мене не може да ми помогне Итна помош. Ќе ја почитувам вашата агенда и ќе ја почитувам вашата судска агенда. Да беше се според правилата, немаше јас на 33 години да имам рак – рече Јовановски.