ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Седница на СБ на ОН поради хуманитарната криза во Појасот Газа

October 10, 2024 10:04
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Советот за безбедност на Обединети нации вчера одржа седница по повод хуманитарната криза, една година по нападот на палестинската милитантна група Хамас врз Израел, по што почна војната во Појасот Газа.

Израелскиот амбасадор Дени Данон истакна дека помина една година од „масакрот“ на 7 октомври, најцрниот ден во историјата на Израел.

– Во текот на изминатата година Израел претрпе незамисливи болки. Семејствата сè уште тагуваат, не само за оние што ги загубија, туку и за оние кои останаа во рацете на Хамас, истакна Данон.

Тој додаде дека „иднината на Газа мора да биде иднина без Хамас“.

Палестинскиот амбасадор во ОН, Ријад Мансур посочи дека израелските „напади без преседан“ врз ОН, врз генералниот секретар Антонио Гутереш и врз Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) мора да се сфатат во контекст на неговите напади врз палестинскиот народ.

– Ако целта на Израел е да ја направи Газа непогодна за живеење, тогаш мора да го нападне столбот на хуманитарниот одговор во Газа – УНРВА, истакна Мансур.

Додека амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд потенцира дека и покрај големите дипломатски напори да се стави крај на војната, конфликтот во Газа продолжува да предизвикува огромно страдање на палестинските цивили во енклавата и да го дестабилизира регионот.

Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја изјави дека терористичките методи не можат да се оправдаат и дека насилството врз Израелците и Палестинците е неприфатливо.

– Газа стана најголемиот затвор на отворено во светот, што постојано е бомбардиран и блокиран за помош, наведе Небензја.

Додека кинескиот амбасадор во ОН, Фу Конг истакна оти конфликтот во Појасот Газа и ситуацијата на Блискиот Исток се приоритетни задачи на СБ, но дека ситуацијата не е подобрена, туку се влошува секој ден.

Tags: ГазаОНхуманитарна криза
Next Post

Менталното здравје на работното место - годинава тема на одбележувањето на Светскиот ден

Shortcut

Најново

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk