ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Законите кои се носат со просто мнозинство поминаа глатко, кочат оние за кои треба 2/3 мнозинство 

За само два дена, пратениците од власта и опозицијата покажаа слога која досега ретко е забележана, и изгласаа три, многу важни закони во интерес на граѓаните. Сепак, за веќе донесените закони беше потребно просто мнозинство, но за законот за Јавно обвинителство, за чие изгласување е потребно двотретинско мнозинство, нема единство, ниту решение на повидок.

February 6, 2020 17:08
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

За само два дена, пратениците од власта и опозицијата покажаа слога која досега ретко е забележана, и изгласаа три, многу важни закони во интерес на граѓаните. Сепак, за веќе донесените закони беше потребно просто мнозинство, но за законот за Јавно обвинителство за чие изгласување е потребно двотретинско мнозинство, нема единство, ниту решение на повидок.

Во вторникот, Собранието едногласно го донесе Дополнетиот предлог на закон за урбанистичко планирање по осуммесечна дебата. За пратениците, овој закон е пример како во иднина треба да се носат суштинските закони низ јавни дебати, почитување на експертското мислење и прифаќање на забелешките од сите засегнати страни.

Претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија Лилјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ е задоволна од кооперативноста на министерот за транспорт и од активната вклученост на пратениците во изготвувањето на ова законско решение.

„Верувам дека како Комисија, иако на крајот на овој пратенички мандат, дадовме пракса за идните пратеници како треба да се носат суштинските закони“, рече Затуровска.

За истиот закон, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески во интервју за Фронтлајн ќе рече.

„Се работи за одличен закон со кој ќе се стави ред во урбанистичкото планирање, а неговото донесување апелираше да стане пример како во иднина треба да се носат суштинските закони“.

Интересно, само ден подоцна беа изгласани уште два многу важни закони за граѓаните. Едниот од нив, кој подразбира и делумно решение за евентуално ставање крај на аерозагадувањето кое со години го мачи македонското население и другиот, кој  ќе избрише 10 милиони евра долгови на граѓаните.

Вчера, Собранието со 62 гласа „за“ го донесе Законот за управување со отпад по скратена постапка, со кој се забранува увоз на отпад што се користи како извор на енергија.

Малку подоцна истиот ден Собранието го изгласа Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, со што преку 10 милиони евра долгови на граѓаните ќе бидат отпишани.

Со законот се бришат каматите на сите предмети кои се дадени за извршување заклучно со 31.12.2017 година, од јавни и државни претпријатија, или државни органи и установи.

Плаќањето на главниот долг и трошоците во постапките пред судот, нотарот и извршителот ќе се врши на месечни рати зависно од висината на долгот. За долгови до 10.000 денари на шест месеци, од 10.000 до 60.000 денари на 12 месечни рати, од 60.000 до 120.000 денари на 24 месечни рати, до 240.000 денари на 36 рати, а над тој износ на 48 рати.

Ако пратениците од власта и опозицијата можеа да се сложат, да покажат инклузија и единство во донесување закони кои се од суштинско значење за граѓаните, се наметнува прашањето, дали ќе бидат надминати енормните разлики во однос на донесувањето на законот за Јавно обвинителство.

Копјата веќе извесно време се кршат токму за овој закон. Опозицијата, поточно ВМРО-ДПМНЕ бара „експерти“ да го изготват Предлог – законот одново, но од  Министерството за правда потенцираат дека е несериозно да се бара изготвување на нов текст на Закон за Јавното обвинителство, бидејќи работната група го подготвуваше текстот повеќе од две години, а една година има откога се започнати преговорите за овој закон.

Јован Митрески од СДСМ денеска изјави дека претставници на пратенички групи имаат работни средби со Министерството за правда како предлагачи на тој закон.

„Единствено ВМРО-ДПМНЕ не влезе со свои предлози зошто не сака да се донесе законот. Јас исклучиво верувам и се надевам дека таков компромис ќе се постигне со другите пратенички групи и ќе се обезбеди двотретинско мнозинство за носење на овој закон“, рече Митрески.

Тој рече дека се надева овој закон да биде донесен ако, како што рече, се усогласи текстот на законот онака како што треба, за да има правда во оваа држава, ако се надминат сите суети и ако се испочитуваат роковите.

Ивана Т. Зафировска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Апсења во МВР на полицајци од тимот на Чулев

НАЈНОВО

генерирано со ВИ

Мерц: Требаше порано да ја сфатам заканата која доаѓаше од Путин, сите згрешивме

September 4, 2025

Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир

September 4, 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Ги препородивме општините

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Крајбрежна служба на Грција

    Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски очекува Обвинителството да го расчисти случајот со прислушувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трент Александар-Арнолд откри зошто го напушти Ливерпул за Реал Мадрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk