ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Царовска: Без Договорот од Преспа нема економски развој, туку сиромаштија

Нема договор од Преспа, нема ЕУ перспективи за нас. Секој од нас треба да е свесен дека тоа не е добро и нè води кон потполно уништување, мрак и изолација. Како држава веќе еднаш го искусивме ембаргото и блокадите од Грција. Видовме што значат спуштени рампи на границите, ограничена слобода на движење на граѓаните и трговската размена.

February 8, 2020 12:48
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да ја замајуваат јавноста заговарајќи укинување, поништување или ревидирање на Договорот од Преспа. Најновото замајување е од техничката министерка за труд и социјална политика, која глуми дека го враќа поранешното уставно име, иако потпиша „ќе го почитувам Уставот и законите на Република Северна Македонија“.  Договорот од Преспа значи просперитет за државата, а заговарачите против него не си ја сакаат државата. Укинувањето коишто го најавува ВМРО ДПМНЕ значи укинување на нашето членство во НАТО,  значи изгубени милијарди евра странски инвестиции, спречување на економскиот развој и осиромашување на граѓаните, истакна Мила Царовска, потпретседателка на СДСМ.

Нема договор од Преспа нема ЕУ перспективи за нас. Секој од нас треба да е свесен дека тоа не е добро и нè води кон потполно уништување, мрак и изолација. Како држава веќе еднаш го искусивме ембаргото и блокадите од Грција. Видовме што значат спуштени рампи на границите, ограничена слобода на движење на граѓаните и трговската размена.

Повозрасните го паметат тоа добро. Верувам никој од нас не сака тоа да се повтори и тоа токму сега кога сме на чекор до отпочнување на преговори со ЕУ. Сега кога имаме можност да градиме заедно европска иднина. Грција лани стана наш трет стратешки партнер во трговската размена со вкупна вредност од 1 милијарда американски долари. Грција преку солунското пристаниште ни е главната врска со светот од која сме економски зависни. Овој стратешки партнер не смееме да го изгубиме.

Фактот што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да заговараат укинување на Договорот од Преспа е јасен показател дека не ја гледаат нашата држава во НАТО и ЕУ, дека не се заинтересирани за развој на економијата и за овозможување на подобра иднина за младите Благодарение на Договорот од Преспа, имаме тренд на зголемување на инвестициите, подобро платени работни места, подобри услови за вработување, подобри перспективи за младите генерации.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат казнети на 12 април затоа што ја замајуваат и манипулираат јавноста заговарајќи враќање назад со укинување, поништување или ревидирање на Договорот од Преспа. Договорот од Преспа овозможува да чекориме напред, да ја развиваме економијата и да создаваме европска иднина за младите. Единственото што го нуди Мицкоски и неговата богата партија е враќање назад, економска стагнација, ризик од нови ембарга и блокади, и осиромашување на државата и нејзините граѓани.

Затоа сме ние тука, затоа се тука граѓаните – Пријателството со Грција ќе живее, а како резултат на тоа и нашите реформи стануве членка на НАТО – тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го спречи, истакна Мила Царовска, потпретседателка на СДСМ.

Next Post

Димитров во 360°: Кој не дигне рака за законот за ЈО, не сака С. Македонија да зачекори кон ЕУ

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk