ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мизрахи продолжува со скандалозните злоупотреби и кампањата на државна сметка

Мизрахи како да се натпреварува со своите сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ да предничи во кршењето на законот и злоупотребите. Изминативе два дена, се чини дека ѝ успева во тоа. 

February 9, 2020 23:28
in СКАНДАЛИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Службеното возило на техничката министерка Мизрахи, снимено во Крушево, во вечерните часови, 9 февруари 2020 година.

Службеното возило на техничката министерка Мизрахи, снимено во Крушево, во вечерните часови, 9 февруари 2020 година.

Share on FacebookShare on Twitter

Техничката министерка за труд и социјална политика денеска отиде дури до Крушево во паничен обид да ја манипулира јавноста, поточно, да лаже дека не ја злоупотребила функцијата и дека не ги прекршила Уставот и законите на Република Северна Македонија. Многу брзо се откри дека таа лаже, но набрзо потоа се испостави дека таа е склона со леснотија да оди од една злоупотреба во друга. Нејзиното скандалозно однесување, од првата минута по стапувањето на должност, далеку ги надминува границите на демократските стандарди, законот и Уставот.

Мизрахи како да се натпреварува со своите сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ да предничи во кршењето на законот и злоупотребите. Изминативе два дена, се чини дека ѝ успева во тоа.

Службеното возило на техничката министерка е снимено во вечерните часови во Крушево, а од фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа која била целта на денешното патување, со службено возило и придружба, во недела попладне.

Служејќи се со добро познатите манири, својствени на режимот, со крајно арогантен и небрежен однос кон функцијата и кон јавните ресурси, како да не постои рамка за службените овластувања определени со закон, Мизрахи денеска спроведуваше типично партиска агенда. Користејќи службено возило, во неработен ден, таа врши пропаганда како во најгрдите денови на режимот. Уште едно ужасно потсетување на режимот.

Претходно, FRONTLINE.MK објави видео од „крушевскиот поход“ на техничката министерка Мизрахи со изјавата во која уште еднаш се обиде да ја излаже јавноста, како и фотографии што ја разобличува лагата на министерката. Во видеото може да се проследи и дел од изјавата на Министерот за надворешни работи, Никола Димитров кој побара оставка и одговорност од Мизрахи.

FRONTLINE

Next Post

Законот за Јавно обвинителство помина на владината седница, оди во Собрание

НАЈНОВО

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025

ЕУ издвои 31,7 милијарди евра јавни средства за климатски активности во земјите во развој во 2024 година

October 28, 2025

Обвинителство бара притвор за в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми и управителот за отпад за загрозување на животната средина со отпадот во Скопје

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk