ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Спасовски: Тетово го добива првиот затворен базен, вложуваме во младите и спортот

Спасовски денеска го означи почетокот на изградбата на првиот затворен базен во Тетово, како дел од проектот „Изградба на 14 пливачки базени“.

February 9, 2020 16:18
in СПОРТ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска го означи почетокот на изградбата на првиот затворен базен во Тетово, како дел од проектот „Изградба на 14 пливачки базени“.

На настанот на кој присуствуваа и министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Хисен Џемаили и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, премиерот Спасовски нагласи дека Владата продолжува да инвестира во развојот на спортската инфраструктура и дополни дека ова е важен проект за младите и за здравиот начин на живот, односно за иднината.

Премиерот Спасовски информираше дека проектот за изградба на 14-те пливачки базени ќе се одвива во две фази, при што во првата фаза, покрај Тетово, ќе бидат опфатени општините Кичево, Битола, Штип, Кисела Вода и Ѓорче Петров, каде се очекува наскоро да биде означен почетокот на изградбата на базените, додека во втората фаза ќе бидат изградени уште 8 базени.

„Оваа Влада покажа дека спортот зазема важно место на нејзината агенда. Покажа дека мораме да вложуваме во навиките на децата, во навиките на младите луѓе да се занимаваат со спорт, да имаме здрав живот, затоа што нема повредно нешто од здравјето и животот на граѓаните“, подвлече премиерот Спасовски.

Воедно премиерот Спасовски истакна дека Владата систематски работи на развојот на спортот и физичката култура, преку мерки како што е вложувањето во спортот преку ваучерскиот систем, но и со воведувањето на настава по физичко образование уште во прво одделение, која се изведува со посебен наставник.

Пред присутните се обрати и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, кој истакна дека овие проекти ќе придонесат за развојот на спортот и формирањето на здрави навики, при што во фокусот се децата и младите.

„Овој проект започна со консултација на голем број спортски работници, кои укажаа дека е потребна изградба на ваква спортска инфраструктура, на вакви базени, со цел развој на спортот не само во Скопје, туку и во сите останати општини и градови, а со тоа да ги подигнеме спортските услови и стандарди, наведе директорот Каевски.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Каевски информираше дека рокот на изградба на базенот е 18 месеци.

Next Post

Бројот на жртви во нападот во Тајланд се зголеми на 30

Shortcut

Најново

Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk