ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Колку чини вмровштината на Мизрахи?!

Прво крши закон и Устав, па се прави наудрена и се вади дека не видела дека има нова табла, за потоа да го крене тоа на ниво на предизвик за системот - ќе платела 5.000 евра. Веројатно претпоставува дека нема никој да ја казни. Остана нејасно и дали ќе плати од свој џеб или од замрзнатата партиска каса. Ова прашање е важно за да се утврди степенот на вмровштината што сака да го достигне.

February 11, 2020 12:58
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ, ФРОНТ
Службеното возило на техничката министерка Мизрахи, снимено во Крушево, во вечерните часови, 9 февруари 2020 година.

Службеното возило на техничката министерка Мизрахи, снимено во Крушево, во вечерните часови, 9 февруари 2020 година.

Share on FacebookShare on Twitter

Откако го прекрши Уставот во неколку наврати, вработуваше роднини на блиски пријатели, го користеше службеното возило за лични и партиски цели, го тргна паното од МТСП со уставното име, а лажеше дека не тргнала, техничката министерка за труд и социјала, Рашела Мизрахи, со полна пареа породолжи да крши закони и да глуми патриот, изјавувајќи дека ќе платела казна од 5.000 евра, но таблата со Република Македонија нема да ја менува. Значи, нејзината македонштина вреди 5.000 евра.

„Немам намера да ставам банер со Република Северна Македонија“, рече техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, на денешната прес конференција на тема „Криминалите на Мила Царовска“, откако пред тоа направи едно чудо криминали. За недоследноста и да не говориме. Прво крши закон и Устав, па се прави наудрена и се вади дека не видела дека има нова табла, за потоа да го крене тоа на ниво на предизвик за системот – ќе платела 5.000 евра. Веројатно претпоставува дека нема никој да ја казни. Остана нејасно и дали ќе плати од свој џеб или од замрзнатата партиска каса. Ова прашање е важно за да се утврди степенот на вмровштината што сака да го достигне.

За тие што не се сеќаваат на нејзините акробации:

Мизрахи најпрво се појави на прес конференција без уставното име во позадина, тргна пано/банер и прилично подло ја искористи старата табла во МТСП на која пишува Република Македонија, невешто криејќи се зад ставот „дека ништо таа не менувала, таблата си стоела од времето на Царовска“. Таа така реагираше откако шефот на дипломатијата побара незјино разрешување по вербалната нота која пристигна од соседна Грција.

„Јас не ја игнорирам реалноста, но нема да дозволам создавање на нова реалност. Демократско право, но и морална обврска на секој граѓанин е кога ќе види неправда и да реагира по истата. Таблата е наследена и не постои стара и нова табла. Постои само една табла во Министерството за труд и социјална политика“, изјави Мизрахи од Крушево и не сакајќи покажа дека, сепак, ѝ е страв поради сериозниот престап што го сторила.

Нејзината заменичка, Санела Шкриељ, во изјава за Телма рече дека станува збор за старо пано кое МТСП ниту еднаш не го искористила по потпишување на Преспанскиот договор, што е потврда за лажењето на Мизрахи.

Испаничена, Мизрахи од Крушево се јави со крајно контрадикторна изјава која може да се сведе на: „не лажам, ама лажам“. Во истото Крушево, истиот ден, од каде што „шири македонштина“, нов скадал.  Мизрахи се обиде да собере политички поени, но исклучиво со службено возило, кое очигледно го користи за партиски цели, продолжувајќи ги малверзациите на Хидро Мицкоски и Азил Груевски.

Служејќи се со добро познатите манири, својствени на режимот, со крајно арогантен и невнимателен однос кон функцијата и кон јавните ресурси, како да не постои рамка за службените овластувања определени со закон, Мизрахи спроведуваше типично партиска агенда, користејќи службено возило во неработен ден, и спроведуваше пропаганда како во најгрдите денови на режимот. Но, не на своја сметка, туку на сметка на граѓаните.

Но тука не е крајот на нејзините наследени режимски задкулисни сплетки. Можеме да очекуваме уште многу вакви и веројатно уште потешки гафови.

Како и да е, Мизрахи направи уште еден тежок престап, кој е казнив и според законот, но тежината, пред сѐ, е во отсуството на етиката.

Мизрахи објави дека малолетно девојче од мал групен дом е бремено, со што ја наруши приватноста на дете во ризик. Катастрофа!

FRONTLINE

 


Содржините потпишани со FRONTLINE се заеднички труд на најмалку двајца членови на Редакцијата. Линк до ИМПРЕСУМ. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Русија и Украина не постигнаа договор за прекин на огнот, ќе има размена на војници и цивили

July 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите

July 23, 2025

Каранфилова Пановска: Штетна е Резолуцијата што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, отвора прашање за јазикот што веќе е затворено

July 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на CNN

    (ВИДЕО) CNN eксклузивно: Новооткриените фотографии и видео ги потврдуваат врските на Трамп со Џефри Епштајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја дел од жителите на неколку улици во Карпош и Кисела Вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk