Заменик-шефот на Делегацијата на EУ, Џулијан Васало вчера се сретна со независната група пратеници.
ЕУ им оддава признание за нивната конструктивна поддршка за законот за Јавното обвинителство.
Комесарот Вархеји се сретна со групата минатиот месец, нагласувајќи дека неговото усвојување би испратило сигнал за силна посветеност на реформите пред земјите-членки на ЕУ да одлучуваат за отворање пристапни преговори.