ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лазаров за „Насилството во Центар“: Божиновски и Јанакиески беа во тек со сѐ

Паралелно со нашите како советничка група, јас како претседател на ОК отпочнав и дополнителни активности односно состаноци со членови на партијата кои не информираа дека се формирало здружение „Веритас“ кое ќе организира пред се, мирни протести за стопирање на рушењето на црквата св. Константин и Елена. За таа цел неколку пати бевме повикани од тогашниот генерален секретар на партијата и Владата, Кирил Божиновски, а каде беше и целиот градски комитет, односно сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ на територија на град Скопје, вели Лазаров.

February 12, 2020 12:33
in ПРАВДА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот претседател на општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Центар, Томислав Лазаров, кој доби условна казна од шест месеци во случајот „Насилство во општина Центар” сведочеше на денешното рочиште. Тој во 2013 година бил советник во општина Центар. Објасни дека во партијата ВМРО-ДПМНЕ одржале состанок со тогашниот Кирил Божиновски, кој дал насока да се повика членството за протест пред општината, а потоа дознал дека се формира здружение „Веритас“, кое ќе стои зад организацијата на протестите, пренесе Нова Македонија.

– Се сеќавам на седницата на чиј дневен ред беа поставени четирите, тогаш за нас спорни точки, со коишто тогашното мнозинство во советот на општина Центар сакаше да ги стави вон функција, односно да ги поништи ДУП-овите на општина Центар. Причините за повлекување на точките од дневниот ред се противзаконски, против уставни и требаше да бидат поништени. Паралелно со нашите како советничка група, јас како претседател на ОК отпочнав и дополнителни активности односно состаноци со членови на партијата кои не информираа дека се формирало здружение „Веритас“ кое ќе организира пред се, мирни протести за стопирање на рушењето на црквата св. Константин и Елена. За таа цел неколку пати бевме повикани од тогашниот генерален секретар на партијата и Владата, Кирил Божиновски, а каде беше и целиот градски комитет, односно сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ на територија на град Скопје. Тогаш сите состаноци беа единствено да се повика членството, односно да се информира дека на тој и тој ден ќе има мирен протест со почеток во 11 или 12 часот пред споменикот Мајка Тереза во центарот на Скопје – вели Лазаров.

На состаноците не се говорело за насилно однесување, туку за масовност на протестите, сведочеше Лазаров, дополнувајќи дека по средбите со Божиновски, имале насока секој општински комитет да има состанок со структурите за информирање на активностите кои биле разговарани со тогашниот генерален секретар.

– Покрај нашите насоки како советничка група кои ги имавме искоординирано, во текот на денот, но и пред самото отпочнување на седницата, имав одредени контакти во вид на пораки и јавувања со тогашниот генерален секретар Кирил Божиновски, но и координаторот Миле Јанакиески. Комуникацијата беше во правец на тоа да бидат во тек што се случува во салата на општина Центар. Во меѓувреме, додека траеше разубедувањето за точките на дневен ред, пристигнаа и луѓето кои беа предводени од дружението „Веритас“ – посочи Лазаров.

Пред вториот ден од протестот, Лазаров сведочеше дека се давале и други насоки со цел масовност на протестот. На продолжението од седницата, советничката група не можела да влезе во салата поради ограда која била поставена пред влезот на општината. Пред општината имало поддржувачи на СДСМ.

Целиот текст на Нова Македонија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Спасовски: Бонус плата за околу 5.000 полициски службеници и вработени во МВР

НАЈНОВО

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска маршираа по 27. пат

October 18, 2025

До 20:30 часот гласале 7.935 болни или немоќни лица, а до 18:30 часот 1.400 лица кои издржуваат казна затвор или притвор

October 18, 2025

ДИК отфрли четири приговори и прифати еден за заштита на лично избирачко правo

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk